Говори
вторник, 27 мај 2014 12:50
Почитувани гости,
Дами и господа,
Би сакал да ви се заблагодарам за оваа можност да ги споделам со вас моите ставови во врска со перспективите на интеграција во ЕУ и глобалните економски предизвици и можности за земјите од Западен Балкан.
Се надевам дека овој форум ќе ни овозможи можност да се навратиме на случувања во изминатата година поврзани со ЕУ, бидејќи јас лично верувам дека ова беше предизвикувачка година за земјите кандидати за ЕУ и потенцијалните земји-кандидати.
Кога започна Процесот за стабилизација и асоцијација во 1999 година, тој беше предвиден како механизам кој ќе ја гарантира европската перспектива на земјите од Западен Балкан од страна на политиката на Европската унија кон земјите од Западен Балкан. На овој начин тие земји беа вклучени во прогресивното партнерство со гледиште на стабилизирање на регионот и создавање на слободна трговска зона. Во продолжување на специфичните регионални барања во врска со политичката и економската стабилност и регионална соработка, Процесот за стабилизација и асоцијација постепено се приклучи на инструментите на процесот за проширување за да ги приближи земјите од регионот поблиску до ЕУ.
Економскиот напредок, делумно условен од динамиката на процесот на интеграција е еден од клучните фактори за напредокот на земјата, додека процесот на европската интеграција сам по себе подразбира сигурен развој на земјата на патот кон успехот, развојот и напредокот. Сепак, во време на глобалната финансиска криза што значително влијаеше на економиите на неколку земји-членки и се уште наметнува закана за економска унија, тоа е голем предизвик да се задржат позитивните развивања и да имаме оптимистички показатели за економската состојба во земјата. Ова е особено важно, со цел да се обезбедат работни места и зголемување на бројот на вработени лица.
И покрај ова, се залагаме да ја задржиме економската стабилност фокусирана на безусловното одржување на финансиска и макроекономска стабилност и подобрување на конкурентноста на економијата на трајна основа, отворање на нови работни места и социјална заштита на ранливите групи, пред сè преку понатамошно подобрување на деловното опкружување и создавање еднакви можности за економски раст.
Во врска со фискалната политика, целите ќе останат фокусирани на одржувањето на прудентна фискална политика со разумни и не-поткопувачки стапки од буџетскиот дефицит и ниското ниво на државен долг, подобрувајќи го квалитетот на јавните финансии, главно преку зголемување на капиталните расходи. Како и досега, монетарната политика во следниот период ќе биде насочена кон одржување на ценовна стабилност, стабилност на девизниот курс, како номинално сидро во економијата.
Главниот фокус во областа на финансиските и буџетските одредби ќе биде ставен на воспоставување на потребните услови и капацитети на системот кој ќе обезбеди навремена и точна пресметка на собирањето, плаќањето и мониторингот на средствата што Република Македонија ќе ги плаќа на буџетот на Европската унија, како нејзино пристапување кон ЕУ.
Како обврска од Патоказот за реализација на приоритетните цели усвоени од Пристапниот дијалог на високо ниво, беа подготвени измените на Законот за буџетите. Предложените измени и дополнувања на Законот за буџетите овозможи подобрување на процесот на стратешко планирање за буџетските корисници и единките корисници на начин кој ќе биде поефикасен и целосно ги одразува активностите и потребните средства за реализација.
Згора на тоа, воспоставувањето на системот на јавна внатрешна финансиска контрола, ќе обезбеди дека спроведувањето на стабилен финансиски систем за управување и контрола на јавните средства е значително подобрено, а во исто време, капацитетот на земјата за управување и користење на фондовите на ЕУ е дополнително зајакнато.
Во продолжение, од младите луѓе се очекува да ја продолжат европската идеја и поради оваа причина поврзувањето на целите и мерките за борба против невработеноста на младите постојано се договараат и спроведуваат, исто така. Република Македонија направи значајни напори да ја зголеми и обезбеди националната поддршка за младите луѓе. Во согласност со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување (усвоена од Владата на Република Македонија), младите беа вклучени како посебна целна група и се вклучуваа во спроведувањето на различни програми и мерки за вработување.
Цврста заложба мора да се направи за олеснување на подвижноста во рамките на Европа, подобрување на признавањето на квалификациите, развој на доживотното учење справување со неусогласеноста на вештини, обезбедувајќи подобро препознавање на вештини и квалификации и предвидување на потребните вештини, подобрување на синергија помеѓу световите на образование и работа, зајакнување на социјалниот дијалог, развивање на истражувањето и технологијата, и трансфер на знаење.
.
Во време на технолошки развој и константна промена на економските сили, единствениот начин да се задржи позитивниот економски развој и да останат конкурентни е преку следење на глобалните трендови и повторно разгледување на домашните политики, за да се прилагодат кон светските побарувања.
Најновите позитивни случувања поврзани со интеграцијата во ЕУ на земјите од Западен Балкан е најдобар доказ дека силна посветеност на овој процес може да гарантира ЕУ перспектива. Имено, Хрватска е најновиот член на европското семејство, Црна Гора ги започна преговорите за пристапување, Македонија и Србија имаат препорака за датум за почеток на преговорите, Албанија е земја кандидат и Косово треба да ја потпише Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
Успехот што секоја од земјите го има постигнато досега е резултат и на заложбите на владите и на пристапот на отвореност од страна на Европската комисија.
Дозволете ми да го земам како пример случајот на Република Македонија. Минатата година беше многу успешна во поглед на агендата на ЕУ и тоа беше можно, поради воведувањето на Пристапниот дијалог на високо ниво, како механизам кој го обезбедува потребниот поттик за понатамошна имплементација на многу тешките реформи во петте приоритетни области како што се: слободата на изразување и медиумите, владеењето на правото и основните права, реформите во јавната администрација, изборните реформи, зајакнување на пазарната економија.
Како резултат на активностите преземени за справување со целите имаме: декриминализација на клевета и навреда, подобрување на изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ / ОДИХР, намален број на заостанати случаи во повисоките судови, и одржување на макроекономска стабилност, без оглед на глобалната економска криза.
Сепак, фактот дека овој процес е се уште во тек потврдува дека исполнувањето на политичките и економските критериуми е тежок и комплексен процес, кој често се соочува со тешки предизвици што доаѓаат од самата земја или се резултат на отворените билатерални прашања. Некои од овие предизвици може лесно да се решат, а во други случаи потребна е голема доза на добра волја и подготвеност.
Важно е да се нагласи, дека имаме многу позитивни примери дека дури и најтешките прашања можат да се решат, како што е случајот на Хрватска и Словенија или историскиот договор меѓу Србија и Косово, бидејќи она што е важно е исполнување на крајната цел - членството во ЕУ.
Во врска со ова, Република Македонија е подготвена да продолжи со спроведување на сите потребни реформи и за изнаоѓање заемно прифатливо решение за прашањето за името со Грција, во духот на добрососедските односи.
Дами и господа,
И покрај напредокот постигнат во евроинтегративниот процес, земјите од Западен Балкан се уште имаат многу обврски пред нив во поглед на исполнувањето на критериумите за членство. Одржување на јасна ЕУ перспектива и обезбедување на поддршка за нивните напори за интеграција е од суштинско значење за успехот на процесот на проширување на ЕУ, како политика на мир, стабилност и напредок. Наша заедничка одговорност е да се финализира процесот.
Ви благодарам.