Говори
вторник, 27 мај 2014 12:46
Почитувани гости,
Дами и господа,
Имам голема чест и задоволство што имам можност да учествувам на отворањето на 18-ти Берлински Меѓународен собир кој е познат настан и традиционално собира голем број на политичари на високо ниво од целиот свет и нуди можност да разговараат за теми од голема важност.
Јас верувам дека во денешната консталација, кога светот се соочува со многу предизвици, како на политички и економски карактер, од суштинско значење е политичките лидери заедно да го покажат своето единство и да дискутираат за можните механизми кои би надминале секаков вид закани за луѓето во светот.
Овогодинешната тема на Берлинскиот собир, "Правдата воздига народи, но неправдата носи срам" е поврзана со основен темел на секое демократско општество - обезбедување еднаквост и спречување на неправда. Обезбедување на еднакви можности не е лесна задача бидејќи бара постоење на механизми кои ќе обезбедат политички, социјални, културни и верски слободи на сите граѓани во секоја држава, но уште поважно, институциите кои ќе бидат во можност да го гарантираат спроведувањето на таквите механизами.
Како избрани претставници на нашите народи, ние имаме одговорност овие механизми да ги осигураме во нашите земји и да ги подобриме, да обезбедиме институциите на системот да им ја пружат неопходната заштита и услуги на сите граѓани под еднакви услови, бидејќи тоа е единствениот начин за нас да покажеме дека ние ја заслужуваме довербата на оние кои што не поддржуваат.
Дозволете ми за крај да го цитирам Мартин Лутер Кинг Џуниор "Човечкиот развој е ниту автоматски ниту пак неминовен... Секој чекор кон целта на правдата бара жртва, страдање и борба; напори и страсна грижа на посветените поединци".
Ви благодарам.