Интервјуа
вторник, 27 мај 2014 11:33
Фатмир Бесими, Вицепремиер и раководител на Секретаријатот за европски прашања, дискутира за односите на Македонија со ЕУ.
Еуропеан Тајмс: Која е мисијата на Секретаријатот за европски прашања?
Фатмир Бесими: Секретаријатот има еден сектор кој се фокусира на Европската Интеграција, еден сектор подготвен да го поддржи процесот на преговори на Македонија со ЕУ тука како и во Брисел, и еден сектор за ИПА фондови и билатерална финансиска поддршка. Нашиот главен приоритет е да ги координираме активностите во врска со интеграцијата на Македонија во ЕУ. Ние работиме тесно со Министерството за надворешни работи.
Еуропеан Тајмс: Колку е Македонија посветена за интеграција во ЕУ?
Фатмир Бесими: Постои силна поддршка за Европската интеграција низ целиот политички спектрум, и покрај долгиот процес. Продолжуваме да спроведеме реформи за исполнување на Европските критериуми, со фокус на пет приоритети: човековите права, владеењето на правото и слободата на изразување, јавната администрација, изборните реформи и економските принципи на слободниот пазар. Почнавме со процесот на селф-скрининг и ќе продолжиме со вклучување на Европската Комисија во реформската агенда. На крај на денот, ние веруваме дека Европските стандарди и вредности ќе го подобрат квалитетот на живеењето, можностите за развој, владеењето на правото и економските перспективи и стабилноста во Македонија. Околу 70% од нашата трговија е веќе со ЕУ. Македонија е мултиетничка, мултиконфесионално општество, но заеднички именител кој не обединува е нашата заедничка Европска иднина.
Еуропеан Тајмс: зошто странските инвеститори треба да инвестираат во Македонија?
Фатмир Бесими: Ние, во голема мера сме ја подобриле нашата економија и бизнис клима. Треба само неколку минути да се започне еден бизнис и целиот процес може да се направи во една канцеларија многу едноставно и ефтино. Покрај тоа, ние сме ја покачиле нашата позиција во Светскиот извештај за конкурентност на 78 од 148 земји. Имаме многу ниска даночна стапка од 10%, ДДВ е 18%, а данокот на личен приход и придонеси се намалени од 33% на 23% што ги прави нашите плати поконкурентни. Македонија има високо образовани, повеќејазични човечки ресурси, отворена економија, многу догорови за слободна трговија и члентсво во Светската Трговска Организација, меѓу други меѓународни институции.исто така, имаме развиено посебни трговски и индустриски зони кои нудат статус на ослободени од данок, и нудиме субвенции во согласност со политиките на ЕУ. Македонија е исто така политички стабилна. Земјоделството, металната индустрија, туризмот, фармацевтската индустрија, автомобилскиот сектор и ИКТ нудат силен инвестициски потенцијал.
Еуропеан Тајмс: Која е вашата лична порака до инвеститорите?
Фатмир Бесими: Инвестирање во Македонија значи искористување на можностите кои ги нуди ова земја како идна членка на ЕУ.
http://www.european-times.com/countries/deputy-prime-minister-european-affairs/