ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Прес конференција за активностите за одбележување на Денот на Европа, 9 Мај 2014
13:52, среда, 30 април 2014

Македонија останува цврсто на определбата за интеграција во Европската унија, истакна денеска вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, кој заедно со евроамбасадорот Аиво Орав и претседателот на Европското движење, професор Милева Ѓуровска, информираа за годинешните активности по повод Денот на Европа.


- Ние сме дел од големото семејство на ЕУ, семејство кое уште од основањето е базирано на принципите на меѓусебна доверба, мир и развој. Низ овие принципи работиме на наше полноправно членство во ЕУ. За нас концептот на ЕУ е многу пошироко од менување на законите, тоа е концепт на менување на начин на живеење, воведување на стандарди за подобар живот, концепт на меѓусебно почитување на граѓаните, за единство во различностите, изјави Бесими.


Повеќе од 50 настани ќе бидат организирани за одбележување на 64-от роденден на Европската унија во земјата. Истовремено Унијата одбележува и десетгодишнината од проширувањето на Унијата.
Преку овие настани за одбележување на Денот на Европа - 9 мај, според Бесими ние можеме да ги споделиме и нашите културни и традицонални вредности со тие на останите граѓани на ЕУ.


- Гледано од овој апсект ние денес можеме да кажеме дека на овој пат на нашето членство во ЕУ нема ниту еден предизвик кој може да биде поголем од нашата определба, убедување дека ние припаѓаме на ЕУ, изјави Бесими.
Во рамки на овие активности, како што најави тој, ќе биде издадена публикација по повод одбележувањето на десетгодишнината од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со сите предизвици на тој план, како и со придобвките од нејзината имплементација.
Евроамбасадорот Орав рече дека целта е да се пренесе пораката за европската иднина на земјата.


- Програмата вклучува предавања и дебати, но исто така и различни натпревари а младите, на теми поврзани со процесот на пристапување и со него сврзаните реформи, како и разновидни културни и спортски настани, вклучително и со маратонот по повод денот на Европа. Целта на оваа програма е да ја пренесеме нашата главна порака за европската иднина на оваа земја и да ја доближиме Европската Унија до граѓаните, рече Орав.


Меѓу настаните кои ќе бидат дел од одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа се и традиционалниот Ден на европското знаме, Скопскиот маратон, европскиот хепенинг во Скопје, како и бројни дебати, предавања, натпревари, културни настани и локални прослави кои ќе се одржат низ целата земја.
Во Дебар, Охрид, Гевгелија, Кавадарци, Кочани, Битола, Тетово, Гостивар, Струмица, Крива Паланка и Велес ќе бидат организираат хепенинзи за Денот на Европа со цел да се прослави европската идеа на локално ниво.
Автобусот на ЕУ, во кој ќе биде и евроамбасадорот Орав, претставници на Владата, студенти, граѓани повторно ќе патува низ земјата и ќе ги посети Чашка, Центар Жупа, Шемшево, Ростуше, Јосифово, Новаци, Студеничани, Истибања, Зрновци и Старо Нагоричане.
Одбележувањето на Денот на Европа е во организација на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Секретаријатот за европски прашања, Европското движење, амбасадите на земјите-членки на ЕУ и други локални институции. ев/скс/13:51

 

извор: МИА

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.