ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими оствари средба со Даниелсон, новиот директор на Генералниот директорат за проширување на Европската унија
16:56, четврток, 06 февруари 2014

 Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими денеска оствари средба со новиот директор на Генералниот директорат за проширување на Европската унија. На состанокот учествуваше и шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, амбасадорот Аиво Орав.
Главните точки кои се дискутираа за време на состанокот беа нивото на реализација на реформите предвидени според Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), искористеноста на ИПА фондовите 2007-2013, воспоставувањето на ИПА 2 и идните чекори кои треба да се превземаат во однос на исполнување на приоритетите од европската интеграција.
Вицепремиерот Бесими ја потенцираше клучната улога што го има Пристапниот дијалог на високо ниво во спроведувањето на реформите и побара истиот да продолжи и во наредниот период, со цел да се задржи моментумот на реформскиот процес. Тој додаде дека продолжуваат напорите за унапредување на добрососедските односи со Грција и Бугарија околу решавањето на отворените прашања. “Консензуалното донесување на измените на Изборниот законик, донесувањето на реформските закони во делот на државната и јавната администрација, како и усогласувањето на законодавната рамка за медиуми согласно барањата на Здружението за новинари на Македонија, се исто така значаен дел од реформите“ – рече Бесими додавајќи дека работните групи на Собранието на РМ активно работат на имплементација на реформите кои се предвидени според Пристапниот дијалог.
Директорот на Генералниот директорат за проширување на ЕУ, Даниелсон го поздрави остварениот напредок во исполнувањето на приоритетите за европска интеграција односно постигнатиот консензус на политичките партии за донесените измени на Изборниот законик што претставува значаен чекор во овој период поради претседателските избори што следуваат а исто така го поздрави и унапредувањето на дијалогот со новинарите со донесувањето на измените во Законот за медиуми.
Меѓу другото на состанокот се разговараше и за целокупната координација на искористувањето на ИПА фондовите и за начините за подобрувањето на искористеноста на истите. Бесими исто така истакна дека Владата и Европската Комисија работат на утврдување на програмата за искористување на нови 600 милиони евра од ИПА 2014 – 2020 година, кои ќе бидат наменети за техничка поддршка и инвестициски проекти во согласност со евроинтеграцискиот процес.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.