ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ЕУ агенда: Членството во ЕУ останува стратешки приоритет и годинава
09:14, петок, 03 јануари 2014

 Динамизирање на процесот на пристапување во ЕУ како стратешки приоритет на државата, поефикасно користење на ИПА фондовите и друга странска помош и поголема транспарентност и инклузивност во процесот на евроинтеграцијата се трите цели на ЕУ-Агендата за 2014 година на Секретаријатот за европски прашања.
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите претставувајќи ја ЕУ-агендата за оваа година, истакна дека ќе настојуваат да се приближи Европа кон граѓаните на Македонија со промоција на вредностите на Унијата и постигнувањата.


Бесими подвлекува дека има мал пад во однос на поддршката за евроинтеграциите на Македонија, поради замореност на граѓаните и статус квото во процесот, но дека тие прават јасна разлика помеѓу одвивањето на процесот и неговото стратешко значење.


Во однос на грчкото претседавање кое стартуваше од јануари, вели иако тоа го нема проширувањето на ЕУ меѓу своите приоритети, на нас е да работиме на она што зависи од нас, а тоа се реформите, кои вели се нашиот најголем аргумент. – Тоа го очекуваат и нашите пријатели во ЕУ, потенцира Бесими.
Toj најави дека уште денеска ќе му пише грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос посакувајќи му успешно претседавање.


За самото претседавање на Грците по форма не очекува да се разликува многу од другите претседавања. Oчекува Република Македонија во својство на земја кандидат за ЕУ, да биде поканета на Министерските состаноци што ќе ги организира грчкото претседателство на ниво на ЕУ. Укажа и на претстојните избори за Европскиот парламент поради што вели, ЕУ ќе се занимава самата со себе.


Во врска со спорот за името со Грција, Бесими рече дека сакаат да го задржат конструктивниот пристат и да бидат партнери во барањето решение, а значаен фактор би била поддршката од меѓународната заедница.
Појаснувајќи ја ЕУ-Агендата 2014, тој посочи дека во однос на динамизирање на процесот, СЕП ќе се ангажира за подобрување на координацијата и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции за подготовка на државата за членство во ЕУ. Во овој контекст, најави дека ќе биде направена детална анализа на досегашната примена на Спогодбата за стабилизација и асоцијација која во април одбележува 10 години од нејзината примена.


Реализацијата на Акцискиот план за исполнување на приоритетите од Пристапниот дијалог на високо ниво, потенцира, ќе се следи и поттикнува на инклузивен и транспарентен начин преку редовна комуникација со државните институции, Владата, граѓанскиот сектор и поширокото општетство ако и со ЕК, бидејќи нагласи, евроинтеграцијата не е процес кој зависи од институциите туку од вклуеноста и ангажманот на секој од нас. Фокусот на реформите ќе биде на поттикнување на политичкиот дијалог, унапредување на дијалогот со новинарите во медиумската сфера, реформа на јавната администрација и во изборното законодавство и зајакнување на пазарната економија и конкуренција.


Ќе се работи и на усогласување на националното законодавство со легислативата на ЕУ. Вицепремиерот Бесими најави и динамична дипломатска агенда со посети на интитуциите во Брисел и земјите-членки заради обезбедување на евроинтеграцискиот процес на Македонија. Во лобирањето за интегративниот процес и зајакнување на македонските позиции треба да помогне и ангажманот од нашата Мисија во Брисел.


Во однос на ИПА фондовите, СЕП како носител на координацијата на странската помош за земјава ќе работи на подобрување на искористеноста на овие фондови во контекст на економско-социјалниот и институционалниот развој. Тоа велат, треба да се постигне преку зголемена комуникација со институциите и останатите општествени чинители, поедноставување на процедурите за спроведување на ИПА, јакнење на кадровските капацитети преку системот на обуки и негово надградување.


Вицепремиерот Бесими, ја подвлече активноста во делот на обезбедување поголема транспарентост и инклузивност во процесот на ЕУ-интеграците пред се, преку промовирање на европските вредности и обезбедување поддршка од граѓаните заради одржливост на евроинтегративниот процес.
Во овој сегмент, Стратегијата за информирање и комуникација со јавноста, која треба да биде донесена, како новини ги нуди месечниот е-Билтен од СЕП и Livestreaming - едноипол часовен настан, кој ќе се пренесува директно на веб-страницата на Секретаријатот на кој лично вицепремиерот Бесими ќе одговара на прашања од заинтересирани граѓани. Оваа можност се најавува да се случи на крајот од јануари, ако подготовките минат добро.
Инаку за следење на расположението на јавноста предвидени се редовно испитување на јавното мислење и анализи, студии и публикации како монографија за евроинтеграциите на Македонија и кост-бенефитот од тоа.

извор: МИА

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.