ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
12:04, среда, 17 јули 2019

Вкупно 170,000 метри кубни отпад се ископува од локација во близина на селото Фалише во Тетово и се транспортира во Дрисла, како дел од подготовката на теренот на кој идната година треба да отпочне изградба на пречистителна станица за отпадни води со која ќе се надмине проблемот со загадување на регионот со индустриска и отпадна вода. Чистењето, одлагањето на отпадот во Дрисла и подготовката на теренот во Фалише е финансираноод Владата на Република Северна Македонија и општина Тетово со 2,3 милиони евра, додека транспортот на отпадот во износ од 700,000 евра е финансиран од Норвешка во рамките на проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија.

Според заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, координацијата на странската помош и нејзиното рационално искористување е од клучно значење за инфраструктурните проекти од ваков обем.

„Како Национален координатор на странската помош во Република Северна Македонија, сакам да изразам искрено задоволство за успешноста на овој огромен и комплексен проект, на кој навистина на дело можеме да ги увидиме бенефитите и да ги почувствуваме перспективите од нашето приближување кон Европската Унија“, истакна Вицепремиерот Османи, посочувајќи дека граѓаните кои гравитираат во оваа околина, ќе добијат почиста животна средина во своето непосредно соседство.  „Тоа и на дело ја покажува и поврзаноста и солидарноста на Европската Унија, во нејзините намери да се поврзат и да им помогнат на граѓаните на идните земји - членки на Унијата, каква што е Република Северна Македонија, за низ овој процес на трансформација, процес на конвергенција со европските општества, да ги приближат и стандардите на идните граѓани на Европската Унија“, заклучи Османи.

Поддршката од норвешката амбасада е обезбедена во рамките на проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, кој се имплементира од Канцеларијата за проектни услуги на ОН (УНОПС), преку компонентата за поддршка на инфраструктурни проекти за справување со долготрајни еколошки проблеми во помалку развиените региони во земјава.

„Денес во Норвешка во функција се ставени повеќе од 2,700 пречистителни станици кои покриваат околу 85% од населението. Затоа ја знаеме важноста на оваа поддршка за подготвување на теренот за градење на пречистителната станица во општина Тетово и значењето кое станицата ќе го има за локалните жители како и за економијата во овој регион“, изјави Геир Јохансен, прв секретар во Норвешката амбасада.

Чистењето на локацијата започна во март оваа година и се очекува да заврши во ноември. Досега се транспортирани околу 90,000 метри кубни отпад.

„Со изградбата на пречистителната станица ќе запре на сегашната пракса на испуштање на нетретирани отпадни води во реката Вардаршто ќе доведе до подобрување на заштитата на животната средина и здравјето на населението во градот Тетово и подрачјата по текот на реката”, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. „Повеќе од 95.000 жители на град Тетово, но и речиси целокупното население во државата ќе има придобивка од подоброто управување со отпадните води. Со тоа ги исполнуваме стратегиските цели утврдени во стратегиите и плановите за управување со водите на локално и државно ниво како и одредбите од локалното законодавство со цел водните тела да постигнат „добар статус“ и да се спречи натамошно влошување на постојниот статус на површинските и подземните води“, вели Арифи.

Според предвидената динамика за изведба на работите, следната година треба да отпочне изградбата на пречистителната станица за отпадни води, која ќе биде финансирана од фондовите на ЕУ во износ од 30 милиони евра. Со тоа ќе се обезбеди системско решавање на проблемите со отпадни води во општината што ќе има влијание на животната средина, но и на други сектори на економијата.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ФИНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ВО ЦЕЛОСТ ЗАСТАНУВА ЗАД ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Османи во официјална работна посета на Република Финска
ОСМАНИ: ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: ОД СКОПЈЕ ДО ПРИШТИНА ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН ЧАС
Средба Османи - Петровиќ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.