ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими на работна посета на Брисел
13:33, понеделник, 16 декември 2013

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими, денеска престојуваше во работна посета на Брисел каде што имаше средби со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, директорот на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон и со генералниот секретар на европската служба за надворешни односи (ЕЕАС), Пјер Вимонт.

Бесими на овие средби ја повторил македонската заложба за евроатлантската интеграција како стратешка цел на Владата на Република Македонија, но од соговорниците добил јасно до знаење дека во моментов нема консензус во Унијата за нашата земја да добие датум за преговори за членство на Самитот на Европскито совет што ќе се одржи на 19-ти овој месец.

- Ние не сакаме да создадеме нереални очекувања во однос на тоа дали Македонија ќе добие датум од Европскиот совет на претстојниот Самит. Реално, во случајов кога се уште не е решено прашањето за името со Грција и отвореното прашање со Бугарија, реално во ваква ситуација нема консензус од сите членки на Унијата за добивање на датум за преговори, изјави Бесими за МИА.

Според македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, важно е дека во заклучоците се очекува да има динамика за реформи во наредниот период и прашањето во однос на името и добрососедските односи да биде дел од заклучоците што ќе значи дека тоа е политичка поддршка за Македонија во овој процес да покаже напредок, без разлика што во ЕУ не постојат механизми како да влијаат да se реши спор на една земја-членка и една земја што не е членка.

- Ова е политичка поддршка и прозорeц за Еврокомисијата повеќе да се ангажира во однос на прашањето за името и отворените прашања со соседите. Фактички тоа што сметаме дека треба да се вклучи меѓународната заедница, т.е. земјите-членки на ЕУ или европските институции некако да помогнат во процесот е не да го решат оти тоа треба ние самите да го решиме со Грција, туку тие може да помогнат и важно е во овој процес да се вклучат. Имаме успешни примери во регионот, каде трети страни беа вклучени во билатерални спорови и дака тие се решија, како во случајот со Словенија и Хрватска и со Србија и Косово. Таквите модели треба да се искористат и во примерот со Република Македонија за да можеме да покажеме напредок, додава Бесими.

Во однос на неговата посета на Брисел, Бесими не крие дека кореспондира со периодот кога се подготвуваат залучоците за декемврискиот Самит на Европскиот совет во однос на проширувањето на Европската унија што ја опфаќа и Република Македонија. Тој вели дека е значајно тоа што овој период се користи да се дискутира во однос на содржината, иако документот со залучоците го подготвуваат земјите-членки, но, заменик-претседателот на Владата вели дека на пријателски и отворен начин тој разговарал со амбасадорите на земјите од Унијата за тоа што нашата земја очекува да има во залучоците и би било корисно за наредниот период.

- Важно е што и годинава, Македонија има јасна препорака од Европската комисија за започнување на пристапните преговори. Заклучоците е важно да ја нотираат динамиката на реализацијата на процесот во наредниот период. Тоа се однесува на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД) и приоритетните области што би се опфатиле во периодот што следи и одредена динамика за реализација на тие активности. Европската комисија ќе извести за сето ова, а истото ќе биде дел од дискусијата на Советот на ЕУ во наредната година. Како во однос на реформската агенда, но и од аспект на доброоседските односи со Грција и Бугарија, потенцира Бесими.

Вицепремиерот вели дека како континуитет на целокупната активност на Владата, овој период тој посетил повеќе институции и остварил средби низ кои презентирал што се Република Македонија направи во период меѓу извештајот на Комисијата и Самитот на Европскиот совет со цел зајакнување на аргументите за почеток на преговорите. Тој информирал во однос на реформите на изборниот законик кој според Бесими треба со консензуален пристап на политичките партии кај нас да се донесе, а во рамки на препораките на ОБСЕ.

- Во однос на дијалогот со новинарите укажавме за напорите што ги правиме во однос на иситот и зацврстување на слободата на изразувањето. А, во однос на имплементацијата на препораките од мартовскиот договор од овие состаноци произлезе дека очекувањата се дека во овие сфери треба Македонија да покаже прогрес. Исто така, се очекува и нашата земја да продолжи да инвестира во зацврстување на меѓуетничките односи во Македонија како столб на стабилноста и развојот на земјата, додава заменик-претседателот на македонската Влада.

На денешниот состанок со директорот на Директоратот за проширување на ЕУ, Даниелсон, Бесими покренал и прашање за ставот на Македонија дека земјата треба да влезе во проектот на Унијата во однос на јадранско-јонската програма за регионален развој, каде во моментов само Македонија не е влезена. Тој вели дека има исклучоци на кои се инсистира дека Македонија треба да биде дел од програмите оти така ќе се помогне и за економски раст во земјата, а и позитивно ќе се влијае на економскиот развој на регионот.

- Главната порака што сакавме да ја испратиме при оваа посета е дека за Македонија, евроатлантската перспектива е најдобрата алтернатива и земјата нема дилеми во однос на европската перспектива, па ангажманот во однос на Унијата останува цврст во земјата и истото го очекуваат и граѓаните. Независно од исходите во однос на добивање на датум или не од страна на Советот, важно е да се ангажираме за реформите и тоа се нашите заложби оти постојните механизми како Пристапниот дијалог на високо ниво, што не е замена за официјални преговори, сепак е еден механизам со кој поинтензивно работиме на реформите и на тој начин периодот на преговори ќе се скрати, па Македонија преку ХЛАД-от ќе може да покаже реформи, што е важно за земјата, изјави вицепремиерот за евроинтеграции.

Бесими потврди дека Европската унија е јасно дефинирана стратешка цел, не само како политичка констатација, туку стратешка определба со поддршка на мнозинството граѓани на Република Македонија. Тој велидека македонската Влада ќе работи на реформите со интензивна агенда, што заедно со Европската комисија ќе биде дефинирана по Самитот на Светот.

- Остануваме отворени и за наоѓање на решение за отворените прашања со нашите соседи. Ова се трите пораки што ги испратив тука и тоа што може да го сублимираме од средбите е дека во контекст на Република Македонија, евро-атлантската перспектива е тема што ги зближува и обединува сите граѓани во земјата, без разлика на нивната етничка и религиозна припадност. Тема што ги става на иста страна и сите земји од регионот и затоа е важно за Македонија и за регионот и за ЕУ, сето ова да успее – завршува Бесими.

Посетата на заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, денеска се поклопува со вечерашната средба на амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во т.н. “КОРЕПЕР”-група, кои ќе го подготват последнио драфт-заклучок во однос на нашата земја, а за кој ќе решаваат министрите за надворешни работи на змејите од Унијата во вторник во рамки на Советот за општи работи (ГАК), кога дефинитивно ќе се знае што Европскио совет ќе заклучи во однос на Македонија.

 

извор: МИА

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.