ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Бесими - Улсон: Поддршката на Шведска за Македонија како процес на зајакнување на стабилноста и развојот во регионот на Западен Балкан
14:24, вторник, 03 декември 2013

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Фатмир Бесими, престојува на работна посета на Кралството Шведска.
При посетата вицепремиерот Бесими се сретна со министерот за европски прашања г-ѓа Биргита Улсон, членови на Комисијата за Европска Унија во шведскиот парламент, г-ѓа Валбурга Хабсбург Даглас и г-дин Фредрик Федерлеј, како и со државниот секретар во министерството за надворешни работи на Шведска г-н Франк Белфраге.
На средбата со Министерот за ЕУ прашања г-ѓа Биргита Улсон, вицепремиерот Бесими истакна дека несомнено Шведска е голем поборник на политиката на проширувањето на Европската Унија, воедно и силен поддржувач на евро-атланскиот интегративен процес на Република Македонија, а нејзината поддршка за интеграција на Република Македонија во Европската Унија може да биде пример на процес на зајакнување на стабилноста и развојот во регионот на Западен Балкан
"Шведското претседателство со Европската Унија во 2009 имаше значајна улога за Република Македонија, за добивање позитивен Извештај од Европската комисија и препорака за пристапните преговори, како и за добивање на визната либерализација со ЕУ "- посочи вицепремиерот Бесими.
Министерката Улсон уште еднаш ја потенцираше поддршката од страна на Шведска за определување на датум за отпочнување на преговорите за пристап на Република Македонија во Европската унија, на претстојниот декемвриски Европски Совет.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.