ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
"Придонес кон прекугранична заштита од пожари" Интервју со г-дин Момчило Алексовски, Градоначалник на Општина Ранковце

Комплетно реновирана зграда за потребите на ТППЕ Ранковце, доставена противпожарна опрема за пожарникари во Ќустендил, како и одржани се семинари за противпожарна заштита со учество на пожарникарите од двете страни. Eфикасна заштита на постојните природни ресурси, особено шумите, природата, биодиверзитетот и здравјето на луѓето, заштита на имотот, како и усовршување на вештините на пожарникарите и пожарната администрација од двете страни на границата во прекуграничната пожарна заштита.


СЕП: Како се информиравте за Повикот за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија? Дали Повиците за проектни предлози се доволно видливи?

МА: За Првиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија се информиравме преку партнерот од Република Бугарија, како и од Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.


СЕП: Како дојдовте до идеја да аплицирате со ваков проект? Дали имавте потреба од институционална помош при аплицирање?

МА: Идејата за аплицирање со проектот произлезе од реалните потреби на Општина Ранковце за обезбедување на простор за нормално функционирање на новоформираната територијална противпожарна единица во општината, како и потребата од дополнителна обука на пожарникарите, заради поефикасно и навремено извршување на нивните задачи во справувањето со пожарите.


СЕП: Како најдовте партнер од Република Бугарија за да направите заеднички проект и кој ќе има корист од овој проект?

МА: Партнерот од Република Бугарија ни предложи партнерство во проектот, кое партнерство ние го прифативме и направивме заеднички проект од кој корист имаат директно противпожарните единици во Ранковце и Ќустендил, а пошироко целокупното население од општина Ранковце, Република Македонија и Ќустендил, Република Бугарија.


СЕП: Дали наидовте на потешкотии при барање на партнер?

МА: Потешкотии во барање на партнер немавме бидејќи како што веќе кажавме партнерот сам предложи соработка за овој проект.


СЕП: Кој е вашиот партнер од Република Бугарија?

 

МА: Партнерот е Евро-славјанска асоцијација од Ќустендил, Република Бугарија.

 


СЕП: За која приоритетна оска од Повикот за проектни предлози аплициравте?

 

МА: Нашата апликација односно проектниот предлог беше од приоритетната оска 2 –Подобрување на квалитетот на животот, односно 2.1 Искористување на еко ресурсите.


СЕП: Како се одвиваше соработката со вашиот партнер од Република Бугарија?

МА: Со партнерот од Република Бугарија имавме добра соработка како во подготовката на проектниот предлог, така и во реализацијата на истиот, со редовна комуникација, одржување на состаноци меѓу тимовите одговорни за реализација и заедничко надминување на сите препреки.


СЕП: Колку луѓе беа инволвирани во проектот?

МА: За реализација на проектот беа формирани два тима, еден од Општина Ранковце со три лица и еден тим формиран од страна на партнерот исто така со три лица, што значи дека вкупно шест лица со јасно определени задачи работеа на реализација на проектот.


СЕП: Колкав е вкупниот буџетот на проектот?

МА: Вкупниот буџет на проектот е 299 413,82 евра од кои на Општина Ранковце и беа доделени 186.078,95 евра, а на Евро-славјанска асоцијација од Ќустендил и беа доделени 113.334,87 евра.


СЕП: Што постигнавте со вашиот проект?

МА: Со проектот е постигната целта, односно комплетно реновирана зграда за потребите на ТППЕ Ранковце, доставена е противпожарна опрема за пожарникари во Ќустендил, како и одржани се семинари за противпожарна заштита со учество на пожарникарите од двете страни.


СЕП: Кој е ефектот на прекуграничната соработка? Кои се придобивките за Општината од реализираниот проект?

МА: Создадени се услови за работа на ТППЕ Ранковце за ефикасна заштита на постојните природни ресурси, особено шумите, природата, биодиверзитетот и здравјето на луѓето, заштита на имотот, како и усовршување на вештините на пожарникарите и пожарната администрација од двете страни на границата во прекуграничната пожарна заштита.


СЕП: Дали сте задоволни со спроведувањето на проектот?

МА: Општина Ранковце е задоволна од спроведувањето на проектот, истиот е реализиран во целост со сите предвидени проектни активности и постигнување на проектните резултати.


СЕП: Дали повторно би аплицирале со нов проект во некој друг Повик за проектни предлози?

МА: Општина Ранковце повторно би аплицирала во друг повик за проектни предлози. Општината учествуваше со свои проектни предлози и во вториот и третиот повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Проектните предлози беа оценети како успешни но не доволно за да влезат во делот на проектни предлози за склучување на договор за грант.


СЕП: Дали би можеле да ни откриете некој специфичен предизвик со кој се соочивте во процесот на реализација на проектот? (на пр. кофинансирањето, предфинансирањето)

МА: Предизвик со кој Општина Ранковце се соочи во реализацијата на проектот беше обезбедувањето на финансиски средства за плаќање на реализираните активности, бидејќи за спроведување на инвестициски проект финансиските средства општината многу тешко ги обезбедуваше, а предфинасирањето од 20% е недоволно за успешно работење. Доколку овој процент би бил поголем можноста за навремено реализирање и плаќање односно за целосно искористување на средствата од буџетот на проектот би била поголема.

Сподели ја содржината!
Кампањи
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Youth for EU
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.