Друга странска помош
Програмски пристап (ПБА)
Во текот на глобална економска криза и ограничени средства за инвестирање, од клучна важност е официјалната развојна помош понудена од донаторите и меѓународните финансиски институции да се искористи на високо координиран начин и да се насочи кон прецизно утврдени приоритетни сектори заради исполнување на стратешките развојни цели на земјата. Владата на Република Македонија смета дека концептот на координирана странска помош во рамките на секторски или тематски програмски области ќе овозможи ефикасно управување со севкупната странска помош во утврдените сектори или програмски области, надминувајќи го вообичаениот пристап на управување со голем број проекти за различни цели. Во овој контекст, исклучително важно е странската помош да се управува преку зајакнати национални механизми и да се насочи кон специфични сектори кои се клучни за развојот на земјата, со однапред зацртани резултати.
Во почетокот на 2009 година, Секретаријатот за европски прашања (СЕП) презеде иницијатива да го воведе Програмскиот пристап (ПБА), како механизам за зајакнување на управувањето со странска помош. Воведувањето на ПБА беше заеднички ангажман на Владата и меѓународната заедница предводена од ОН, Светска банка и Европска Унија. Процесот беше воден од страна на СЕП, национално координативно тело за странска помош на Владата и имплементиран со вклученост на линиските министерства и меѓународната заедница во земјата.
Република Македонија е прва земја кандидат за членство во ЕУ која го воведе ПБА. Главната цел на воведувањето на ПБА беше понатамошно подобрување на ефективноста на странската помош, преку фокусирање на надворешната развојна помош на неколку приоритетни сектори (избрани заеднички со меѓународните партнери) и преку обезбедување на систематско јакнење на националните капацитети за програмирање и имплементирање. Преку јакнење на националните капацитети и институционалните механизми, направен е значителен придонес за успешен евро-интеграциски процес во земјата и нејзиниот економски развој и раст. На долг рок тоа се очекува да резултира со:
Процесот започна во почетокот на 2009 година, кога Владата на Република Македонија утврди пет широки програмски области кои беа прифатени од меѓународните партнери и започна со подготвителни активности за воведување на ПБА. Тие области беа:
После деталната проценка од страна на заедничките програмски работни групи кои ги зедоа во предвид институционалните и човечки капацитети на инволвираните институции и подготвеноста за воведување на ПБА во предложените програмски области, беа утврдени потесни под-области (делокрузи). Владата ги разгледа препораките на ПБА работните групи за делокругот на ПБА областите и беа прифатени следните приоритети за работните групи:
ПБА институционална (организациона) рамка
Почнувајќи од 2009 год, целно ориентирана институционална рамка е воспоставена за да ги поддржи активностите на ПБА процесот. Организациската рамка има хиерархиска структура од шест нивоа кои се хоризонтално и вертикално поврзани, на начин да се обезбеди интерактивност (види слика подолу). Процесот е воден од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), како национално координативно тело за странска помош на Владата, и имплементиран со значајно учество на линиските министерства и меѓународната заедница во државата.
Клучни постигнувања
Клучните фактори за успешностата во спроведувањето на овој пристап се следните:
До сега се постигнати следните значајни резултати:
Македонското искуство со ПБА е преставено како успешна приказна на многу регионални конференции. Признаено е како најдобра пракса во регионот од страна на ЕУ. Се покажа како корисен и вреден концепт за координација на странската помош кој ќе продолжи да биде аплициран во идното програмирање на ЕУ фондовите (почнувајќи за период 2011-2013)и во политиките за програмирање на ИПА2 после 2013 година. Прилагодувањето на помошта според специфичните потреби на државата е од клучна важност, имајќи го предвид различносто ниво на подготвеност и предизвиците на секој од секторите.
Во целина, предноста и научените лекции и постигнувања се големи. Останува важноста понатаму да се продолжи и прагматично да се зголемат корисностите од развојната соработка, да се одржи фокусот на преостанатите делови што го сочинуваат програмскиот сектор и спремноста за нашето членство во ЕУ.
Поважни документи: