Новости
четврток, 11 јули 2019 13:34
Денес се
одржа Тркалезна маса за Нацрт- извештајот на СИГМА за процесот на хармонизација
на законодавството на Северна Македонија со правото на Европската Унија, која
ја отвори државната секретарка за европски прашања, Калинка Габер.
Во Нацрт-
извештајот на СИГМА беше презентиран преглед на улогата на клучните институции
во законодавниот процес, при што фокусот беше ставен на процесот на
хармонизација на нашето законодавство со правото на ЕУ, како и моменталната
состојба, а беа сумирани и препораките за подобрување во одделни сегменти. Како
што истакна државната секретарка Габер, овој нацрт- извештај доаѓа во вистинско
време, кога Владата донесе одлуки за формирање на телата кои се дел од преговарачката
структура и интензивно работи на подготовката за почеток на пристапните преговори со
ЕУ- процес кој бара активна вклученост и придонес од страна на повеќе чинители.