ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: НОРВЕШКА ОСТАНУВА СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ ЗА ЕВРОАТЛАНТСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
12:13, среда, 26 јуни 2019
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во оствари средба со делегацијата од Кралството Норвешка предводена од Министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.

„Кралството Норвешка не е членка на Европската унија, но таа е наш важен партнер и поддржувач на евроинтегративниот процес на Северна Македонија од самиот почеток, и задоволен сум што продолжува нашата соработка и во претстојниот период, кој претставува одлучувачки за европските перспективи на земјава” - истакна Османи, пренесувајќи ја на Министерката Сореиде благодарноста на Владата за ратификацијата на Протоколот за НАТО, како дел од севкупната поддршка и јасен израз на блиските билатерални односи меѓу двете земји.

За време на средбата соговорниците разговараа за билатералната соработка, проектната поддршка која Кралството Норвешка ја обезбедува за Република Северна Македонија, како и за евроатлантските аспирации на нашата земја со посебен акцент на содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет.

Во продолжение соговорниците изразија заедничко задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС која се отвори минатата година, секако во насока на имплементација на средствата од Кралствата Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за имплементација на проектите на УНОПС во Република Северна Македонија.

Во оваа насока Османи уште еднаш изрази благодарност за таргетирањето на Секретаријатот за европски прашања, како корисник на овие средства во насока на поддршка на администрацијата во нејзината подготовка за предизвиците кои претстојат, подготвувајќи ги капацитетите за преговори со Европската Унија, изразувајќи притоа уверување дека проектот „Нордиски напредок“ кој УНОПС го спроведува во Северна Македонија успешно ќе ја оствари целта за поддршка на Владата, зајакнувајќи ги капацитетите на администрацијата за интеграција на земјата во ЕУ.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ АГЕНЦИИТЕ НА ОН И ВЛАДАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери
ОСМАНИ: САД може да сметаат на Северна Македонија како на партнер на Балканот
ОСМАНИ И БЕЏЕТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СЕП И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.