ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
16:29, понеделник, 24 јуни 2019
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес оствари средба со Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој престојува во работна посета во земјава.

„Унгарија е предводник на групата земји - членки на Европската Унија, кои, експлицитно, преку декларација, побараа забрзување на процесот на европско интегрирање на земјава, и отворање на преговорите - веднаш “, истакна Османи, додавајќи дека покрај декларативната поддршка, која е секако многу важна, Република Унгарија обезбедува и билатерална поддршка за земјава, како важен елемент во зацврстувањето на капацитетите на преговарачката структура, и конкретно за зајакнување на капацитетите на Секретаријатот за европски прашања кој е клучна институција во процесот на европски интеграции.

На средбата беа отворени темите поврзани со содржината на Извештајот на Европската комисија за земјава и заклучоците на Европскиот совет, во кои се потврди содржината на Извештајот, како и аспектите и предизвиците за европски интеграции на земјава во претстојниот период  и унапредувањето на билатералната соработка меѓу двете земји.

На крајот од средбата, Османи и Сијарто се согласија дека билатералната поддршка ќе биде интензивирана во периодот кој претстои, и изразија искрени очекувања дека, во соодветната временска рамка – октомври оваа година, Советот ќе ја потврди одлуката од минатата година, и Северна Македонија ќе ги започне преговорите за полноправно членство во Европската Унија
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ АГЕНЦИИТЕ НА ОН И ВЛАДАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери
ОСМАНИ: САД може да сметаат на Северна Македонија како на партнер на Балканот
ОСМАНИ И БЕЏЕТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СЕП И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.