ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Османи: Скопје и како туристички центар ќе внесе цивилизациска и историска вредност во семејството европски метрополи
12:02, сабота, 22 јуни 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи,  заедно со Заменик - градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, во рамки на кампањата на Секретаријатот за европски прашања, за промовирање на европските вредности – „Заедно кон Ѕвездите“, денеска  ја  предводеа турата „Скопје на мапата на Европа“, на која присуствуваа претставници на дипломатскиот кор како и други гости .

„Дозволете да потсетам дека Северна Македонија го доби најпозитивниот извештај од страна на Европската Комисија досега, кој беше целосно прифатен и од страна на Европскиот совет, без никакви додадени услови и нови бенч-маркови, и затоа, јас сум уверен дека во соодветната временска рамка – октомври оваа година, Советот ќе ја потврди одлуката од минатата година, и ќе ги започнеме преговорите за полноправно членство во Европската Унија“, посочи Османи.

„И денешниов настан е токму во оваа насока, да им го покажеме Скопје на нашите пријатели од Европската Унија, не само како политички центар кој во иднина ќе биде дел од Метрополите на Европската Унија, туку и како туристички центар, град со исклучително богата историја, кој во вистинска смисла на Унијата ќе ѝ донесе цивилизациска и историска вредност“, истакна Османи, посочувајќи на Старата скопска чаршија, како симбол за разноликоста на целата земја, за нејзиниот мултиетнички и мултиконфесионален карактер, вистинска гордост на Скопјани, и сите граѓани на Република Северна Македонија.

„За разлика од традиционалниот, модерниот туризам е непрекината потрага по нови, интересни и оригинални, приказни. Нашата земја можеби е мала, но речиси сите што дошле во неа, си заминале со приказни чија големина не може да се измери, туку единствено може да се доживее, и потоа да се прераскаже. Таква знаменитост е скопската чаршија, но и други локалитети од различни историски периоди и култури, кои во Скопје ги има многу “- нагласи Заменик градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи, притоа посочувајќи дека туризмот учествува со 10 проценти во глобалниот бруто домашен производ, а со пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија, земјата уште повеќе ќе ги претстави своите огромни потенцијали во овој сектор.

Туристичката тура започна пред МК-ЕУ Инфо Центарот на СЕП на градскиот плоштад, и продолжи во Стара скопска чаршија каде професионален туристички водич им ги презентираше позначајните локации и знаменитости на градот: Камениот Мост, плоштадот „Мајка Тереза“, паркот „Ибни Пајко“, Даутпашиниот амам, црквата „Св. Димитрија“, плоштадот „Скендер-бег“, Чифте Амам, Сули ан и џамијата Ќосе Кадиа, а прошетката  заврши со традиционално турско кафе и чај во локалите на чаршијата.

Сподели ја содржината!
Вести
Кралството Шведска ќе продолжи со поддршката на реформите во процесот на европска интеграција
ОСМАНИ: СПРЕМНИ СМЕ ЗА ПРЕДИЗВИКОТ КОЈ ГО НОСАТ ПРИСТАПНИТЕ ПРЕГОВОРИ- МОЖЕ ДА ЗАПОЧНАТ ВЕДНАШ
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ЗАШТИТНИК НА ЕВРОПСКИОТ КРЕДИБИЛИТЕТ НА БАЛКАНОТ
ОСМАНИ:ПРОТОКОЛОТ ЗА НАТО НА СЛЕДНАТА ПЛЕНАРНА СЕДНИЦА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ СЕНАТ
ОСМАНИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКА ШАНСА ДА ГИ СОЕДИНИМЕ ЗАЕДНИЧКИТЕ АМБИЦИИ ВО ИНТЕРЕС НА ЦЕЛА ЕВРОПА
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.