ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
13:18, понеделник, 10 јуни 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања,  Бујар Османи, заедно со Заменик претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај, го посетија местото каде се вршат градежните активности на стратешкиот проект Белановце – Станчиќ, каде извршија увид во градежните работи и напредокот на проектот.

„Овој објект е буквално заеднички објект на двете држави, и претставуваше посебен административно изведбен предизвик, имајќи предвид дека за неговата реализација мораше да се усогласуваат правилата на двете држави“, истакна Османи, додавајќи дека проектот е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово во износ од 1.200.000 евра, чија изведба е усогласена и со правилата и стандардите кои ги наложува Европската Унија.

„Токму затоа овој проект, покрај неговата економска и административна намена, има и длабока политичка димензија, укажувајќи на добрите односи и довербата на двата соседи“ истакна Османи, посочувајќи и на останатите проекти кои се реализираат во насока на унапредување на меѓусебната комуникација од двете страни на границата.

„Да потсетам, дека за овој премин претходно го изградивме патот од село Опае до Белановце во должина од 16 километри; пред неполни две недели се отвори и автопатот ‘Арбен Џафери’ од Приштина до границата со Северна Македонија; наскоро ќе започне да се гради и делот во Северна Македонија до Скопје, со што главните градови на двете земји ќе бидат оддалечени само 40 километри“ подвлече Османи.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
Османи: Скопје и како туристички центар ќе внесе цивилизациска и историска вредност во семејството европски метрополи
16-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија Брисел, 20 јуни 2019 година
ОСМАНИ: ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ЗАЦВРСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.