ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Работна посета на ЗПВРСМ задолжен за европски прашања, Бујар Османи и МНР Никола Димитров на Париз
17:48, четврток, 06 јуни 2019

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи и  министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска престојуваа во работна посета на Париз. За време на посетата, беа остварени одделни средби со државниот секретар за европски прашања, г-ѓа  Амели де Моншален во француското министерство за надворешни работи и  со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

На средбите, ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров го истакнаа значењето на последниот Извештај на Европската Комисија кој прецизно го рефлектира степенот на постигнатите реформи во Република Северна Македонија во изминатата година, и јасно дефинираната препорака за отпочнување на преговорите на нашата земја со Европската Унија, што ја потврдува нашата целосна подготвеност за следната фаза од овој долготраен процес. Соговорниците беа детално брифирани за постигнатиот напредок во клучните области кои се дел од заклучоците на Европскиот Совет минатата година, а се солидна основа за донесување одлука од страна на Европскиот Совет за почеток на преговорите со Северна Македонија, оваа година.

„Уверени сме дека Франција ќе препознае дека нашата жед и работа за создавање стабилна и просперитетна европска демократија дома, целосно се совпаѓа со визијата и напорите на претседателот Макрон за силна, стабилна и просперитетна Европа“ – потенцираше МНР Димитров.

 "Европските перспективи претставуваат единственото гориво кои имаат доволно сила за да ја придвижат трансформативната моќ на Европската Унија на Балканот, која, токму на примерот на Република Северна Македонија покажа на дело дека умее да ги менува општествата на подобро, што претставува основа и за подлабоко, регионално влијание, како взаемен интерес во создавањето трајна стабилност и просперитет на целиот континент“ - истакна ЗПВРСМ Османи, посочувајќи во оваа насока на високите очекувања на граѓаните на Северна Македонија, но и на земјите од регионот, токму за европските перспективи на земјата.

Задржувањето на моментумот на континуирано заедничко чекорење за имплементација на реформската агенда и валоризацијата на постигнатиот прогрес на нашата земја, недвосмислено ќе придонесат за силно зацврстување на европската перспектива во Регионот, но и ќе го потврди  кредибилитетот на Европската Унија.  

 

Соговорниците разменија мислења и за француската Стратегија за Западен Балкан која претставува комлементарен процес со процесот на интегрирање на земјите од Регионот во Европската Унија, преку поддршка на реформската агенда  за поскора имплементација на европските стандарди.

 

Беа дискутирани и можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји во областите од заемен интерес, како и текот на процесот на евро-атлантското интегрирање на Северна Македонија, кој се очекува наскоро да го ефектуира нашето полноправно членство како 30-та членка на Алијансата.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
Османи: Скопје и како туристички центар ќе внесе цивилизациска и историска вредност во семејството европски метрополи
16-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија Брисел, 20 јуни 2019 година
ОСМАНИ: ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ЗАЦВРСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.