ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: УСПЕХОТ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОТТИК И ЗА ОСТАНАТИТЕ ЗЕМЈИ ДА ГО ИСКОРИСТАТ ЕВРОПСКИОТ МОМЕНТУМ
11:59, вторник, 04 јуни 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денес учествуваше на Меѓународната конференција на високо ниво во Скопје „Проширувањето на ЕУ на крстопат“.

 „Многупати имам кажано дека ориентираноста на земјите од Западен Балкан кон ЕУ не е поради географски, историски или економски причини, туку целта е да се изгради долгорочно стратешко партнерство, односно начин како да се променат балканските земји, а ЕУ да нè прифати како еднакви“, посочи Османи, нарекувајќи го овој процес мисија која допрва треба да се исполни.

„Оваа година го добивме најпозитивниот Извештај од Европската комисија досега, кој ги рефлектира реализираните реформи и постигнатиот напредок. Дури и самиот да го пишував Извештајот, немаше да биде толку позитивен- ќе мислевте дека сум пристрасен и дека преувеличувам. Меѓутоа овој Извештај го пишуваат професионалци кои го следат нашиот напредок на дневна база и нотираат сè што имаме постигнато,“, истакна Османи, посочувајќи дека овој успех и признание не се подарок, туку заслуга стекната со многу посветеност, многу работа, храбро лидерство изминативе две години, но и со значајн акумулирана вредност во текот на изминатите деценија и пол.

„Оваа 2019 година е пресвртна година за Европската Унија, но дозволете да додадам и круцијална година за нас - земјите од Западниот Балкан. Имаме неповтролива шанса да го искористиме фокусот на Европа насочен во насока на консолидација на континентот, и да создадеме трајна вредност за нас, за нашите општествата, за идните генерации. Во таа насока, успехот на Северна Македонија треба да претставува поттик и за останатите земји од регионот да се приклучат на европскиот бран и да го искористат овој европски моментум“ заклучи Османи.

Меѓународната конференција е во организација на поранешниот Претседател Бранко Црвенковски и Подгоричкиот клуб, а на кој учествуваат поранешни претседатели и премиери од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
Османи: Скопје и како туристички центар ќе внесе цивилизациска и историска вредност во семејството европски метрополи
16-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија Брисел, 20 јуни 2019 година
ОСМАНИ: ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ЗАЦВРСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.