ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Заедно кон ѕвездите – кампања на СЕП за новите европските перспективи на земјава
12:39, сабота, 01 јуни 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, од паркингот на Скопско Кале на симболичен начин – поаѓајќи со автобус го означи почетокот на новото поглавје на европските интеграции на Република Северна Македонија.

„Имаме право да бидеме горди затоа што ги отстранивме сите пречки, ги создадовме сите услови, и како што е прецизно наведено во Извештајот на Европската комисија, создадовме држава подготвена за старт на преговорите,“ истакна Османи, уверувајќи ги граѓаните дека перспективите набргу ќе се претворат во реалност. „Ве уверувам и ве повикувам: не се воздржувајте да бидете горди, не се плашете да бидете оптимисти – Република Северна Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата оваа година!“ –истакна Османи.

Присутните потоа се качија во автобусот кој беше специјално брендиран за оваа прилика, со што симболично го започнаа новиот пат. Настанот продолжи во МК-ЕУ Инфо центарот на централниот плоштад, каде беа промовирани и студентите – победници на конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“, кои идната недела ќе престојуваат во студентска посета на Брисел, каде ќе ги посетат европските институции и одблиску ќе се запознаат со нивната работа.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
Османи: Скопје и како туристички центар ќе внесе цивилизациска и историска вредност во семејството европски метрополи
16-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија Брисел, 20 јуни 2019 година
ОСМАНИ: ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ЗАЦВРСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.