ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: АКТИВНОСТИТЕ НА УНОПС ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОКАЖУВААТ РЕЗУЛТАТ
14:44, петок, 17 мај 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Регионалниот директор на УНОПС за регионот на Европа и Централна Азија, Моин Карим.

„Сакам да изразам задоволство од работата на канцеларијата на УНОПС која се отвори минатата година, секако во насока на имплементација на средствата од Кралствата Норвешка и Шведска, чија билатерална поддршка претставува основа за имплементација на проектите на УНОПС во Република Северна Македонија“, истакна Османи. Тој упати задоволство  и од квалитетот на таргетирањето на билатералната помош, особено нејзиното насочување во мултиетнички средини, создавајќи притоа и дополнителна вредност и од аспект на кохезијата во општеството, како основа за долгорочна стабилност.

Османи упати благодарност до Карим и за таргетирањето на Секретаријатот за европски прашања, како корисник во насока на поддршка на администрацијата во нејзината подготовка за предизвиците кои претстојат, подготвувајќи ги капацитетите за преговори со Европската Унија, изразувајќи притоа уверување дека проектот „Нордиски напредок“ кој УНОПС го спроведува во Република Северна Македонија успешно ќе ја оствари целта за поддршка на Владата, зајакнувајќи ги капацитетите на администрацијата за интеграција на земјата во ЕУ.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.