ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ВЛОЖУВАЊЕТО ВО ЕВРОПСКИ ЗНАЕЊА Е НАЈДОБРАТА ИНВЕСТИЦИЈА ДЕНЕС
12:40, четврток, 16 мај 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денес го претстави проектот „Со европско знаење до европската престолнина“ пред студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, заокружувајќи ја со тоа посетата на државните универзитети во земјава во насока на промоција на конкурсот на Секретаријатот за европски прашања, наменет за студентите.  

Вицепремиерот Османи пред студентите направи краток осврт на состобата во европските интеграции, претставувајќи ја сегашната позиција на земјата и тековните подготовки на структурите за преговарање, во насока на очекувањата за почеток на преговорите со Европската Унија оваа година. Притоа Османи ги поттикна студентите проактивно да се вклучат во креирањето на европската иднина на земјава, посочувајќи им дека токму во нив ги гледа идните вработени во домашните институции и институциите на ЕУ, кои работат на европската интеграција.

„Сите слоеви од општеството сметам дека е важно да се вклучат во подготвувањето на нашето општество за трансформација која ни претстои, согласно европските правила, стандарди и вредности, а тука пред сè мислам на вашето вклучување како академски граѓани кои во иднина треба да ја преземат одговорноста за спроведување на овие процеси“, истакна Вицепремиерот Османи, посочувајќи на сѐ поголемата важност во познавањето на европските процеси, знаења кои во моментов се дефицитарни во државава.

Во наредните денови, студентите кои ќе учествуваат на конкурсот за есеи се очекува да ги достават своите трудови до менторите, а потоа ќе следува и прогласувањето на победниците кои ќе патуваат на тридневна студиска посета на европската престолнина, Брисел.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.