Проектот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“беше претставен и пред студентите на Економскиот факултет во Прилеп при Универзитетот „Св. Климент Охридски.
Претставници од Секретаријатот за европски прашања го претставија проектот наменет за студенти од додипломски студии кои изучуваат предмети од областа на европските студии и кои ќе се натпреваруваат со пишување есеи.
Во продолжение, пред студентите ги објаснија процесот на европската интеграција во земјава, и чекорите и предизвиците кои престојат за време на следната фаза односно со отпочнувањето на пристапнитепреговори, како и процесот на хармонизација на националнотозаконодавство со европското законодавство (acquiscommunautaire), како и потребата од јакнење на административните капацитети.
Исто така, студентите имаа можност да слушнат и за спроведувањето на европската финансиска поддршка во Северна Македонија преку ИПА фондовите и програмите на Унијата,пртеку кои се обезбедува значајна поддршка за реформите процеси, , а добија и повеќе информации за можностите кои ги нудиЕразмус + која е специјално наменета за студентска мобилност.