Новости
среда, 15 мај 2019 15:23
Заменик претедателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамки на посетите на државните универзитети, на кои го претставуваше проектот „Со европско знаење до европската престолнина“, имаше обраќање и пред студентите на Универзитетот во Тетово.
Вицепремиерот Османи во своето обраќање истакна дека овој проект е осмислен како предизвик за студентите соцел да го прошират своето знаење преку интелектуална академска работа, и дека претставува уникатна можност за тие да ги почувствуваат атмосферата и активностите поврзани со европските интеграции во европската престолнина.
„Натпреварувајќи се со своето знаење, очекувам студентите и суштински да ги прошират познавањата, да ги приближат до себе процесите на европски интеграции, да се запознаат со потребите и предизвиците на државата од овој аспект, но и да ја почувствуваат убавината на овој процес - особено убавината на трансформацијата на општеството и државата кон подобро, согласно европските стандарди и европските вредности“, посочи Османи.
На конкурсот „Со
европско знаење до европската престолнина“ се натпреваруваат студентите од
факултетите по општествени науки на државните универзитети во Северна
Македонија, а се реализира во рамките на Меморандумот за соработка потпишан
помеѓу Секретаријатот и Универзитетите.