ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПРИФАЌАЊЕТО НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ – ОСНОВА ЗА ДОЛГОРОЧНА СТАБИЛНОСТ НА БАЛКАНОТ
16:14, среда, 08 мај 2019

Во рамките на одбележувањето на европските денови во Република Северна Македонија, денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, се одржа Панел - Конференција на тема „Западен Балкан и евроатлантските вредности“ на која покрај Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи и ко-организаторот, Директорот на Агенцијата за спроведување на Законот за употреба на јазиците, Илбер Села учествуваа и домашни претставници и експерти од земјите од регионот.

„Се наоѓаме во еден исклучително динамичен период, во кој промените се случуваат со голема брзина, при што темата ‘Западниот Балкан и евроатланските вредности’ на денешната Панел - Конференција е од исклучителна важност за сите земји од регионот во рамките на која можеме заеднички да дебатираме и да изнесеме аргументации за тоа со каква брзина, ние, земјите членки од Западниот Балкан, ги интегрираме, ги имплементираме европските и евроатлантските вредности, имајќи ги нашите недвосмислени амбиции за членство во ЕУ и НАТО“- истакна Османи.

Во продолжение панелистите дебатираа за предизвиците со кои се соочува регионот, особено од аспект на европските и евроатлантските интеграции, изразувајќи суштинска поддршка за процесот, како носечки елемент на напредокот на сите земји од Западниот Балкан. Во ова смисла беше нотиран и напредокот на Република Северна Македонија, како земја чии успех се посочува како позитивен пример за затворање на отворените прашања и посветеност кон реформите.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.