ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПОКАЖА ЗРЕЛОСТ И ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИ СО УНИЈАТА
13:49, среда, 08 мај 2019

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Делегација на Постојаната комисија за европски прашања на Парламентот на Кралството Холандија, предводена од Претседателот на Комисијата и шеф на делегацијата г. Хаjке Велдман.

„Република Северна Македонија покажа исклучителна зрелост и подготвеност за отпочнување на пристапните преговори со Унијата, и тоа не само со исклучителните успеси во решавањето на поголемите отворени прашања со соседите, туку и со интензитетот и квалитетот на спроведените реформи“, истакна Османи, притоа посочувајќи на Договорот од Преспа, неговото создавање, верификација, и сега, неговото спроведување, како мало дипломатско чудо кое сè повеќе станува пример за решавање на билатерални прашања.

„Постои сериозен напредок во имплементацијата на реформите во сите клучни области дефинирани од страна на Европскиот совет минатата година, напредок за кој е нотиран и соодветен трак-рекорд, кој е во постојана надградба“, истакна Османи, посочувајќи притоа и на успешно спроведените претседателски избори кои недвосмислено упатуваат на политичката и демократска зрелост на државата, и нејзината подготвеност за почеток на преговорите со Европската Унија оваа година.

На средбата беа отворени и темите поврзани со билатералната соработка помеѓу Кралството Холандија и Република Северна Македонија, која се реализираше во изминатите две декади, во износ од над 150 милиони евра, и ќе продолжи да се реализира и во претстојниот период, главно за поддршка на проекти поврзани со европската интеграција на земјава.

Османи упати искрена благодарност до холандската делегација, за сèвкупната поддршка која земјава ја добива од Кралството Холандија, изразувајќи надеж дека истата ќе продолжи и во претстојниот период, особено во насока на поддршка на европските интеграции на земјата.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.