ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ОСНОВНО ГОРИВО НА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
15:44, понеделник, 06 мај 2019

Владата на Република Северна Македонија, Претставувана од Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања и УНДП, претставуван од Постојаната претставничка на УНДП во земјава, Наринe Сахакиjан, во просториите на Секретаријатот за европски прашаа, потпиша Договор за проектна соработка.

„УНДП е долгорочен партнер и поддржувач на политиките на Република Северна Македонија, и овој проект е само продолжение на соработката за создавање на подобра средина за поврзување на националната економија со економиите на земјите-членки на ЕУ", изјави Османи по потпишување на договорот, нагласувајќи дека новата студија што ќе произлезе од проектот ќе содржи можни сценарија за динамиката на пристапувањето кон ЕУ и влијанието врз квалитетот на живеење на граѓаните, преку користење на искуствата на земјите кои од неодамна станаа членки на ЕУ, како и преглед на можното зголемување на трошоците за јавната администрација и бизнис заедницата поради неопходните прилагодувања кон стандардите на ЕУ.

„УНДП е посветен да продолжи да ја поддржува земјата кон патот на ЕУ интеграциите. Имаме долгорочно искуство во советување на оваа тема низ целиот регион, како и посредничка улога во размена на експертиза и искуства со новите земји-членки. Со ова, дополнително го зајакнуваме нашето стратешко партнерство со Владата и заедно ќе продолжиме да работиме на унапредување и на ЕУ интеграциитеи на агендата 2030 – со цел никој да не биде изоставен” , изјави Постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакијан.

Новиот проект „Европскиот пат на Република Северна Македонија – Постигнување на побрз, поинклузивен и одржлив раст” е финансиран од УНДП со времетраење од 7 месеци. Во овој период ќе се одржат серија консултации и анализи во соработка со државните институции, бизнис заедницата и граѓанското општество.

Како резултат од процесот на консултации ќе произлезе студија, која што ќе биде развиена со поддршка на национални и меѓународни експерти, со цел да им помогне на донесувачите на одлуки и на општеството да создадат силна аналитична база за подобро разбирање на ефектите од процесот на пристапување кон ЕУ и постигнување на забрзан, инклузивен и одржлив развој.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.