ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: МОРАМЕ ПОСТОЈАНО ДА РАБОТИМЕ И ДА ГИ НЕГУВАМЕ СТАБИЛНИТЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
12:16, четврток, 25 април 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која беа разменете информации и мислења за повеќе актуелни теми.

„Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија, и очекувам од Владата но и од останатите институции да преземат активности со кои ќе ја заштитат независноста на ИВЗ“, истакна Османи, посочувајќи дека ваквите инциденти со сигурност негативно ќе влијаат на стабилните меѓуетнички односи, кои претставуваат плод на долгогодишен труд и внимателно однесување. „Во моментов меѓуетничките односи се стабилни и цврсти, и на тоа сме особено горди, но тоа не е нешто што треба да се зема здраво за готово, туку напротив, мораме активно да работиме на нивното одржување“ – истакна Османи.

Во продолжение, Османи и Која разговараа за можностите од остварување на проектот за статистичка и квалитативна анализа на судските одлуки, со кои би се утврдила објективноста на пресудите соодветно на етничката припадност на обвинетите, како мериторен начин за одредување на објективноста и неселективноста во работата на судовите. Проектот предвидува стручна статистичка анализа, каде предмет на обработка би биле исти и слични случаи на обвиненија, при што би се анализирале висините на пресудите и нивната статистичка корелација соодветно на етничката припадност на обвинетите. Овие проекти имаат исклучителна успешност во утврдување на евентуалните наклонетости и субјективизам на судската фела ви современите општества, како основа за адресирање на овие прашања објективно и без предрасуди.

На крајот, Османи и Која изразија задоволство од начинот на кој беше организиран и спроведен првиот круг на изборите, изразувајќи очекување дека овој успех ќе се повтори и во вториот круг, со што изборите во целост ќе ја рефлектираат демократската и политичка зрелост на државата.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ФИНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ВО ЦЕЛОСТ ЗАСТАНУВА ЗАД ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Османи во официјална работна посета на Република Финска
ОСМАНИ: ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: ОД СКОПЈЕ ДО ПРИШТИНА ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН ЧАС
Средба Османи - Петровиќ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.