ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
„БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА“
11:56, среда, 24 април 2019
Вработените од Секретаријатот за европски прашања предводени од Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска учествуваа во акцијата „БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА“ за чистење на диви депонии во организација на ЈП „Комунална Хигиена“ и градот Скопје испраќајќи јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот и одржувањето на чистата околина.

„Посебно сум горд на вработените во Секретаријатот за европски прашања кои покажаа пристојно ниво на свест, на зрелост, за важноста од нашето присуство на ваквите активности, со кои секако најпрво ја покажуваме нашата култура, нашето домашно воспитание, но не можеме а да не препознаеме дека се работи и за европскиот контекст на цивилизациски вредности, како одговорност и зрелост самите да се погрижиме сопствената околина да ни биде чиста и убава“ – изјави Османи, упатувајќи задоволство и од масовноста во вклучувањето на младите во акцијата, претставени преку голем број средношколци и студенти.

Акцијата за чистење има за цел подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните. Истата се одвиваше истовремено во сите скопски општини, на различни локации, а во неа покрај администрацијата на ЈП „Комунална Хигиена“ и општините,  учествуваа и студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ФИНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ВО ЦЕЛОСТ ЗАСТАНУВА ЗАД ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Османи во официјална работна посета на Република Финска
ОСМАНИ: ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: ОД СКОПЈЕ ДО ПРИШТИНА ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН ЧАС
Средба Османи - Петровиќ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.