ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
09:20, петок, 12 април 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи одржа состанок со претседателката на Европската бизнис асоцијација (ЕБА), Катерина Бошевска.

На средбата беа отворени темите поврзани со европските интеграции на земјава и статусот на спроведените реформи од аспект на можностите и потенцијалите кои им стануваат достапни на бизнисите во рамки на единствениот европски пазар, како и подобрување на нивниот развој во контекст на стабилизираната политичко- економска состојба во земјата во последниве две години.

„Извесната европска интеграција на земјава придонесува за подобрување на бизнис климата со имплементацијата на европските стандарди и вредности во работењето на бизнис секторот, при што позитивно влијае и на унапредувањето на економските односи со ЕУ, обезбедувајќи взаемни придобивки за бизнисите“, истакна Вицепремиерот Османи. „Од овој аспект, улогата на ЕБА во евроинтегративниот процес очекувам дополнително да придонесе за доближување на практиките на македонските бизниси до европското бизнис опкружување“, додаде Османи.

Во продолжение на средбата Вицепремиерот Османи и Претседателката Бошевска разговараа и за можноста за директно ангажирање на ЕБА во делот на подобрување на искористеноста на ЕУ фондовите кои се на располагање за македонските компании, со цел поттикнување на развојот на претприемништвото, како и воопшто потесна соработка на Асоцијацијата со Секретаријатот, и воопшто со владините институции.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: МОРАМЕ ПОСТОЈАНО ДА РАБОТИМЕ И ДА ГИ НЕГУВАМЕ СТАБИЛНИТЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
„БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА“
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.