ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
17:00, среда, 10 април 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија одржаа брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг.

 Пред Комисијата за ЕУ, ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров реферираа за текот на спроведување на реформите за европска интеграција на земјава, спроведувањето на донесените европски закони, како и имплементацијата на обврските кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија.

 Во своето обраќање министерот Димитров истакна: „Тука сме бидејќи веруваме дека имаме доволно аргументи за да ве увериме дека одлуката за почеток на преговори е заслужена и дека отворањето на патот кон ЕУ ќе претставува силно охрабрување за целта до која сакаме да стигнеме - модерна европска демократија. Воедно тоа ќе претставува и јасна поддршка за еден вид на лидерство што ни треба повеќе во регионот. Лидерство кое се стреми на европски начин да ги решава проблемите и да создава иднина.”

 „Република Северна Македонија е подготвена да ги почне преговорите со Европската унија уште денес. Успехот на земјата создаде нова реалност на Балканот, и истовремено е веројатно најуспешната европска приказна во регионот, угледен пример за другите земји од Западен Балкан- јасно прикажувајќи ја трансформативната моќ на европската идеја", истакна вицепремиерот Османи.

 „Сето ова го постигнавме со храбри лидерски потези, со одлучен фокус и посветена работа, и затоа наша обврска е за овој наш напредок да ги убедиме сите земји членки, особено оние чија поддршка го насочува текот на политиките на целата Унија“, додаде Османи.

Претходно ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров се сретнаа со пратеникот Јохан Вадефул, остварија официјална средба со претседателката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер, како и со Државниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот.

Сподели ја содржината!
Вести
Османи: Унгарија останува наш силен сојузник внатре во Европската Унија
Османи: Скопје и како туристички центар ќе внесе цивилизациска и историска вредност во семејството европски метрополи
16-ти состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија Брисел, 20 јуни 2019 година
ОСМАНИ: ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ ЌЕ ГИ ЗАЦВРСТИ ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН
ОСМАНИ: КОСОВО И СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ИНТЕНЗИВНО СЕ ПОВРЗУВААТ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.