ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Михаел Рот во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
15:50, среда, 10 април 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија, денес во Берлин, остварија средба со Михаел Рот, државен министер за Европа во рамки на Министерството за надворешни работи на Германија.

„Северна Македонија годинава претставува успешна приказна за Регионот и Европа. Затоа е важно поволниот моментум да биде искористен и засилен преку одлука за почеток на пристапните преговори во јуни. Тоа ќе значи потврда за историскиот пресврт што го направивме во односите со нашите соседи и силен поттик за домашната реформска агенда. Но, истовремено тоа ќе биде и неопходен сигнал дека европската перспектива е реална и дофатлива и дека Брисел и земјите членки објективно ги препознаваат и охрабруваат позитивните примери во Регионот” - истакна Министерот Димитров.

„Германија е традиционално пријателска земја на Северна Македонија, со која негуваме партнерски однос, а во исто време е и силен поддржувач на политиката за проширување на ЕУ и зачленувањето на земјите од Западен Балкан, за што јасно говори иницирањето на Берлинскиот процес, посветен на поврзаност, добрососедски односи, регионална соработка и европска интеграција“, истакна вицепремиерот Османи претставувајќи го реформскиот напредок на земјата во имплементирање на реформските Планови 3-6-9 и Планот 18, како клучни репери за реформскиот напредок на земјата.  „Фактот што земјава се наоѓа во период на предизборие кога носењето закони е ставено во мирување, создава простор за фокус на институциите во остварувањето на таканаречениот ‘трак-рекорд’, т.е. видливи резултати и успешни примери кои го демонстрираат суштинскиот напредок од спроведените реформи“, додаде Османи, посочувајќи на претстојниот Извештај на Европската комисија, за кој изрази очекување дека ќе го одрази реформскиот напредок на земјата.

Вицепремиерот Османи и министерот Димитров во рамки на работната посета на Берлин ќе учествуваат на брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг, на кој ќе реферираат за текот на имплементацијата на политичките обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и за напредокот во спроведување на реформите во областите предвидени во заклучоците на минатогодишниот самит на Европската унија, како клучни критериуми пред овогодинешниот самит на ЕУ во јуни, кога се очекува конфирмација на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

 Претходно ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров се сретнаа со пратеникот Јохан Вадефул, а остварија и официјална средба со претседателката на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: МОРАМЕ ПОСТОЈАНО ДА РАБОТИМЕ И ДА ГИ НЕГУВАМЕ СТАБИЛНИТЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
„БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА“
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.