ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров на средба со Крамп Каренбауер во рамките на работна посета на Сојузна Република Германија
14:02, среда, 10 април 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамки на работната посета на Сојузна Република Германија остварија средба со Претседателката на Демохристијанската Унија (ЦДУ) на Германија, Анагрет Крамп Каренбауер.

„Имаме исклучително важни два дена на средби и активности во Берлин. Германија е наш клучен европски партнер и поддржувач и нашата цел е овие два дена на нашите германски пријатели да им понудиме што повеќе  аргументи за тоа зошто заслужуваме да го направиме следниот чекор кон Европската унија и да ги отвориме пристапните преговори. Затоа новата лидерка на ЦДУ/ЦСУ ја запознавме со тоа каде Република Северна Македонија беше пред неполни две години и каде е денес, како пример за добар сосед и стабилен и веродостоен партнер во Регионот. Постигнавме многу и продолжуваме да работиме со сите напори и дома и надвор, за заедно со нашите партнери да обезбедиме дофатлива европска перспектива за земјата” - истакна министерот Димитров.

 

„Од аспект на европските интеграции Германија отсекогаш сме ја сметале за наш стратешки партнер, во чии иницијативи ги наоѓаме мотивацијата и перспективите за нашиот успех“, истакна Османи јасно изразувајќи очекување, оваа поддршка и взаемна соработка да продолжи и во иднина. „Во периодот кој ни претстои неопходна ни е сета политичката поддршка од страна на сите наши пријатели внатре во Унијата за да ја прошириме европската приказна на Балканот, и да го отстраниме европскиот скептицизам кој навлегува преку периферијата на Европа, преку јасна и недвосмислена поддршка од страна на земјите – членки на ЕУ за европските перспективи на Република Северна Македонија, како предводник на Европската идеја меѓу земјите од Западниот Балкан“ - додаде Османи, посочувајќи на очекувањата од претстојните јунски самити на ЕУ, за конфирмација на минатогодишната одлуката за почеток на преговорите со Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Османи и министерот Димитров во рамки на работната посета на Берлин ќе остварат средба со Државниот министер за Европа, Михаел Рот и ќе учествуваат на брифинг пред Комисијата за ЕУ во германскиот Бундестаг, на кој ќе реферираат за текот на имплементацијата на политичките обврски кои произлегуваат од Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, како и за напредокот во спроведување на реформите во областите предвидени во заклучоците на минатогодишниот самит на Европската Унија, како клучни критериуми пред овогодинешниот самит на ЕУ во јуни, кога се очекува конфирмација на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ.

 

 

 

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ АГЕНЦИИТЕ НА ОН И ВЛАДАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери
ОСМАНИ: САД може да сметаат на Северна Македонија како на партнер на Балканот
ОСМАНИ И БЕЏЕТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СЕП И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.