ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПРЕРАСНУВА ВО СЕРИОЗНА ИНВЕСТИЦИСКА ДЕСТИНАЦИЈА
11:38, вторник, 09 април 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи имаше средба со Амбасадорката на Австралија за Северна Македонија, Рут Стјуарт.

На средбата беа отворени темите поврзани со европските интеграции на земјава и статусот на спроведените реформи, а се разговараше и за потенцијалите за соработка помеѓу Северна Македонија и Австралија во повеќе сегменти.

„Северна Македонија е новата реалност на Балканот- земја која од длабока политичка криза стана лидер во регионот во спроведување на реформи за европска интеграција и земја која ги има затворено поголемите билатерални прашања со соседите“, истакна Вицепремиерот Османи, додавајќи дека создадениот т.н. „трак- рекорд“, односно видливи резултати од спроведените реформи се доказ за сработеното во рамки на евроинтегративниот процес.

„Во овој период, кога евроатлантската интеграција на земјава е веќе извесна, Северна Македонија станува земја која е и политички и економски стабилна за странските инвеститори, а дополнително на тоа нуди конкурентска предност за привлекување на инвеститорите, со оглед на тоа што земјава располага со квалификуван кадар“, посочи Османи.

Османи и Стјуарт се согласија дека билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Австралија има потенцијал да се прошири и продлабочи во повеќе сфери, при што, во таа насока, беше акцентирана можностите за користење на австралиската билатерална развојна помош.  Тема на разговор беше и интензивирањето на трговската размена, за која соговорниците се согласија дека е на многу ниско ниво од само 9,7 милиони американски долари, и покрај зголемениот извоз на производи од земјава за 28 %. На крајот, беше истакнато дека постои можност и за олеснување на визниот режим, што би било од големо значење за двете земји, како поради бројната македонска дијаспора во Австралија, така и во насока на подобрување на целокупната соработка помеѓу двете земји.

 

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: МОРАМЕ ПОСТОЈАНО ДА РАБОТИМЕ И ДА ГИ НЕГУВАМЕ СТАБИЛНИТЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
„БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА“
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.