ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
НАПРЕДОКОТ ВО ЕВРОАТЛАНСКИТЕ СТРУКТУРИ СОЗДАВА ОДЛИЧНА БИЗНИС КЛИМА ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
12:54, недела, 07 април 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Република Португалија оствари средба со Министерот за инвестициии економски развој на Република Полска,ЈежиКвиецињски, каде беа отворени темите за билатералната и економската соработка помеѓу двете земји, како и за поддршката од страна на Полска за европските интеграции на Република Северна Македонија.

„Пред само три дена Парламентот на Полска го ратификуваше протоколот за НАТО, и дозволете ми ја честа да ви ја пренесам искрената благодарноста на Владата и граѓаните на Република Северна Македонија, за континуираната поддршка од страна на Република Полска, како билатералната, инвестирајќи во напредокот на нашата земја, така и поддршката за нашие евроатлантски амбиции“, изјави Османи,  посочувајќи и на улогата на Република Полска во креирањето на поддршката на процесот на проширување како во самата Европската Унија, така и во рамките на земјите од Вишеградската група.

Во продолжение на средбата Вицепремиерот Османи нагласи дека Владата дава силна поддршка за економски раст и развој на државата, преку мерки со кои се стимулираат нови инвестиции за технолошки развој и повисока конкурентност на македонските компании, при што потенцираше дека странските инвеститори вклучително и полските може да очекуваат стабилна клима за инвестиции во нашата земја, како и финансиска поддршка и потполна соработка од страна на Владата.

„Република Северна Македонија има извесна евроатлантска иднина, што создава поволни услови за странските инвеститори, како и посебна околина за севкупниот економски развој. Ние како Влада сме особено посветени да обезбедиме предвидлива и прифатлива околина за странските инвестиции кои се добредојдени во земјата.“, истакна Османи, упатувајќи покана и до Министерот Квиецињски за посета на Република Северна Македонија

Претходно во рамките на повеќедневната работнапосета на Португалија Вицепремиерот Османи оствари средбии со Министерот за надворешни работи на Република Португалија, АугустоСантос Силва, како и со Претседателката на Комисијата за европски прашања во рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос, а во неговата агенда е и учеството нагодишниот Хорасис глобален состанок (HorasisGlobalMeeting) кој е еден од водечките светски собири за бизнис на политички лидери каде оваа година дискусиите ќе се фокусираат околу темата "Катализирање на придобивките од глобализацијата".

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: УСПЕШНОТО ПАРТНЕРСТВО ПОМЕЃУ АГЕНЦИИТЕ НА ОН И ВЛАДАТА ТРАЕ ПОВЕЌЕ ОД 20 ГОДИНИ
Се чисти локацијата наменета за пречистителна станица за отпадни води во Тетово
Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери
ОСМАНИ: САД може да сметаат на Северна Македонија како на партнер на Балканот
ОСМАНИ И БЕЏЕТИ ПОТПИШАА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ СЕП И УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈИЕ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.