Новости
петок, 05 април 2019 16:51
Заменик Претседателот на
Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамки на работната посета
на Португалија, оствари средба со со Министерот за надворешни работи на
Република Португалија, Аугусто Сантос Силва.
На средбата беа отворени темите поврзани со европската интеграција на Република
Северна Македонија а во пресрет на претстојниот Извештај на Европската Комисија
и јунските самити на Европската Унија. Вицепремиерот Османи реферираше за
спроведените реформи во клучните приоритетни области владеење на правото,
безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и
борбата против организираниот криминал и корупцијата, со кои, како што изјави
Османи се создаде и т.н. „трак рекорд“ или видливи резултати од реформите, како
важен бенчмарк за евроинтегративниот процес.
„Високо ја ценам португалската поддршка за
евроатлантските аспирации и за отпочнување на пристапните преговори на Северна
Македонија, како и генералниот став на Португалија за поддршка на проширувањето
на земјите од Западен Балкан, кое ќе донесе стабилност на целиот регион и ќе ги
отвори вратите за соработка на повеќе полиња, што секако е во интерес и на
одржувањето стабилност на цела Европа“, истакна Вицепремиерот Османи посочувајќи
на новата европска реалност на Балканот – Република Северна Македонија, како
стабилен партнер на Европската Унија во промоција и заштита на европската идеја
во регионот, или како што истакна: „Алката која ѝ недостасува на Европа на
Балканот“
„Иако во моментов сме во предизборна кампања, реформите продолжуваме да
ги спроведуваме со силна динамика за да испорачаме резултати во овој клучен
период за нешата европска интеграција, за добивање чиста препорака од страна на
Комисијата како и конфирмација на одлуката за почеток на преговори со ЕУ оваа
година“, додаде Османи.
Во рамките на работната
посета на Португалија Вицепремиерот Османи оствари средба и со Претседателката
на Комисијата за европски прашања во
рамки на Парламентот на Република Португалија, Регина Бастос, а во
недела (7. април) ќе учествува на
Годишниот Хорасис глобален состанок (Horasis Global Meeting ) кој е еден
од водечките светски собири за бизнис на политички лидери каде оваа година
дискусиите ќе се фокусираат околу темата "Катализирање на придобивките од
глобализацијата".