ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПРЕГОВОРИТЕ СЕ ВЗАЕМЕН ИНТЕРС НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ
14:59, недела, 31 март 2019

Заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска одржа отворен брифинг со претставниците на средствата за јавно информирање на кој беше направен пресек на состојбите поврзани со европските интеграции, со посебен акцент на имплементираните реформи, на постигнатите резултати, начинот на кој институциите се адаптираат на реформите, претстојните избори, и останатите процеси -  а во пресрет на претстојниот Извештај на Европската Комисија и јунските самити на Европската Унија.

„Изминативе скоро 2 години поминавме исклучително напорен и интензивен процес кој во себе содржеше голем број политички предизвици, како што беа договорите со Грција и Бугарија, а успеавме да создадеме консензус и за Законот за Јазици; потоа успеавме да усогласиме голем број системски реформски промени во делот на реформата на правосудството и реформата на безбедносните служби, создавајќи притоа институции по европски стандарди чија работа почна да дава резултати и во борбата против организираниот криминал и корупција“- истакна Османи давајќи отчет на сработеното во изминатиов период од аспект на реафирмација на довербата во државата, довербата во институциите и враќањето на земјата на европскиот и евроатланскиот пат.

„Направивме промени во некои од институциите во транспарентна и мериторна постапка, потоа формиравме и нови институции согласно реформите, почна да функционираат дел од овие реформирани институции и најважно, овој напор почна да се забележува, т.е. да се создава т.н. ‘трак рекорд’ или видливи резултати од реформите, што е секако најважно и за граѓаните, но претставува и важен бенчмарк за нашите европски интеграции“ - додаде Османи, посочувајќи дека очекува овој реформски моментум да биде јасно изразен во престојаниот Извештај на Европската Комисија, за кој додаде дека очекува да биде најдобар досега, со јасно посочени области каде е евидентиран напредокот.

„Имаме одлична можност да ги убедиме сите земји – членки дека преговорите со Република Северна Македонија претставуваат взаемен интерес, во насока на остварување на европските приоритети за побезбедна, постабилна и просперитетна Европа“ – истакна Османи, посочувајќи ја земјава како партнер на Европската Унија во имплементацијата и проширувањето на европската идеја на Балканот.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.