ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Стипендии
Стипендии за постдипломски студии во странство од областа на ЕУ/ЕИ за учебната 2008-2009 година

Процесот на европска интеграција, како стратегиска определба на Владата на Република Македонија но, и на сите политички субјекти во Република Македонија, е една севкупна активност којашто бара ангажман на многу институции и голем број вработен кадар во нив. Но, процесот на европска интеграција не е само работа и обврска на институциите на Владата на Република Македонија туку и на целото население на Република Македонија и на сите субјекти во неа. Запознавањето со процесот, промените коишто треба да следат, влијанието на приближувањето и придружувањето кон Европската унија се прашања со коишто треба да биде запознаена јавноста во Република Македонија. Ова, исто така, е потребно од причина што за овој процес е потребен ангажман и директно вклучување на луѓе коишто имаат или ќе се стекнат со солидни научно поткрепени сознанија за ЕУ, нејзиното функционирање, нејзиниот законодавно-правен систем, нејзините политики и самиот процес на проширување односно процесот на европска интеграција. Имајќи предвид дека вака оформените кадри се ретки во Република Македонија и дека до скоро време тие можеа да се обучуваат за оваа проблематика само во странство, Владата се определи за нов приод во создавањето на идни потенцијални кадри коишто би работеле активно во процесот на европска интеграција, но и дооспособување на кадрите коишто веќе се вработени во државната администрација.

 

Конкурс за доделување на стипендии за постдипломски ЕУ/ЕИ студии 2008-2009 година

Оглас во дневни весници (19.04.2008 г.)

Oбразец за пријавување за доделување стипендии за постдипломски студии во странство за академската 2008-2009 година

Европски формат на CV

Преглед на високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии за ЕУ/ЕИ

Информативен ден во Владата на Република Македонија

Список на стипендисти на Владата на Република Македонија (2003-2007)

 

Кои и какви студии се поддржуваат и зошто?

Од 2003 година Владата на Република Македонија започна со активностите за доделување средства за постдипломски студии во странство во областа на ЕУ, нејзините политики, историјат, институции, право и економија. Целта на обезбедување на финансиски средства за испраќање на млади кадри на доспецијализација од областа на ЕУ и европската интеграција е градење и јакнење на професионални вештини на државните службеници ангажирани на процесот на ЕУ, но и прибирање на нови кадри коишто ќе бидат оспособени да се вклучат активно во процесот на приближување кон ЕУ.

Кој може да се пријави?

Стипендиите се наменети за идни студенти/кандидати за студии, кои ќе се запишат на високообразовни институции во странство со соодветна програма на постдипломски студии во областа на ЕУ, нејзините политики, историјат, институции, право и економија.


УСЛОВИ ЗА ДОБИВАЊЕ СТИПЕНДИЈА


Подолу на страницата е прикачен преглед на извесен број високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии од областа на ЕУ/ЕИ. Овој преглед е само насока, а со него не се ограничуваат заинтересираните кандидати да се јавуваат само на наведените универзитети.

Преглед на високообразовни институции во Европа коишто нудат постдипломски студии за ЕУ/ЕИ

Список на стипендисти на Владата на Република Македонија (2003-2007)
 

Сподели ја содржината!
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2017 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.