Новости
среда, 06 март 2019 11:47
Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар
Османи одржа средба со Државниот секретар во Министерството за надворешни
работи на Република Словенија, Добран Божич.
На средбата се разговараше за предизвиците во евроатлантските
интеграции со кои се соочува Република Северна Македонија, особено во периодот
во пресрет на јунските самити, а беа отворени и темите темите во однос на
проширувањето на ЕУ на земјите од Западен Балкан со што се зајакнува стабилноста
и безбедноста во Унијата, како и за регионална соработка во насока на
интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ.
„Република Северна Македонија е новата реалност на Балканот: земја која
нема поголеми отворени прашања, со стабилни меѓуетнички односи и внатрешна
кохезија, која е веќе дел од регионалната иницијатива за промоција на
европските правила, стандарди и вредности низ целиот регион, со крајна цел да
се обезбеди трајна стабилност на Балканот“, истакна Османи, и притоа посочи
дека оваа успешна приказна треба да биде мотив и поттик за земјите од Западен
Балкан, како аспиранти за членство во ЕУ.
Пред средбата со Божич, Вицепремиерот Османи оствари и средба со Програмската
директорка на Центарот за европски перспективи, Андреја Долничар Јерај со која,
покрај евроатлантските интеграции, беа отворени и темите поврзани со справувањето
со мигрантската криза, напливот на фундаментализмот, како и бората за
справување со ширењето на лажните вести со кои се соочува регионот.
Во рамки на посетата на Република Словенија, Османи ќе оствари средба
со Заменик Претседателот на Владата на Република Словенија и министер за
надворешни работи, д-р Миро Церар, а на маргините на посетата ќе се сретне и со
Ема Роде, Заменик директор на Центарот за меѓународна соработка и развој.