ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: СО ПОДДРШКАТА НА УСАИД МАКЕДОНИЈА ГИ ПОСТАВИ ТЕМЕЛИТЕ НА СОВРЕМЕНОТО ОПШТЕСТВЕНО УРЕДУВАЊЕ
15:15, сабота, 09 февруари 2019

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи во рамките на неколкудневната работна посета на Вашингтон, оствари посета на централата на УСАИД во Вашингтон, каде имаше средба со Маргот Елис, Заменик Виш администратор на УСАИД за Европа и Евроазија. Во истата насока, Османи ги посетите централите на најголемите американски меѓународни институти, каде оствари средба со Пол МекКарти, регионален Директор за Европа при Меѓународниот Републикански Институт ИРИ (IRI), како и со Шери Брајан, Потпретседател на Демократскиот Национален Институт НДИ (NDI).

„Во улога на Национален координатор на странска помош, сакам да изразам лично задоволство, секако и да ги пренесам и пораките на благодарност во името на целата Влада, за успешното таргетирање на американската развојна помош во земјата, поставувајќи ги темелите на демократскиот и граѓанскиот развој на земјата“ - истакна Османи на средбата, упатувајќи на директната поддршка од страна на САД за Република Македонија од преку половина милијарда долари од независноста до сега.

„Наша цел е да изградиме функционална мултиетничка демократија, која ќе почива на принципите на граѓанското општество, владеењето на правото, еднаквоста, слободата солидарноста, и сите останати принципи кои се дел од вредностите на западната цивлизација“ истакна Османи, посочувајќи ја тука улогата и на УСАИД, како главен центар за распределба на развојната помош, но и улогата на меѓународните институти, ИРИ и НДИ, чие присуство има оставено неизбришлива трага во демократскиот, политичкиот, граѓанскиот и воопшто општествениот развој на земјата. Османи ја реафирмираше заложбата на Владата за континуитет во рамките на соработката со американските институции, ако клучен сегмент во заокружувањето на трансформацијата на земјата согласно западните правила, стандарди и вредности.

Претходно, Османи учествуваше и на тркалезната маса каде пред претставниците на една од највлијателните тинк-тенк организации во САД чија тема е соработката на САД и Европа - „Германскиот Маршалов Фонд“ (German Marshal Fund), имаше свое обраќање на тема: „Следните чекори: Македонија на пат кон демократските реформи и членството во НАТО и ЕУ“ (Next Steps: Macedonia on the Road to Democratic Reform, NATO and EU Membership)

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: ФИНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО СО ЕУ ВО ЦЕЛОСТ ЗАСТАНУВА ЗАД ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Османи во официјална работна посета на Република Финска
ОСМАНИ: ПРЕКУГРАНИЧНАТА СОРАБОТКА ОСНОВА ЗА РАЗВОЈ НА ЦЕЛИОТ РЕГИОН
ОСМАНИ: ОД СКОПЈЕ ДО ПРИШТИНА ЗА ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН ЧАС
Средба Османи - Петровиќ
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.