ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЈАПОНСКАТА ПОМОШ ВО ЗДРАВСТВОТО ДИРЕКТНО ГИ ТАРГЕТИРА УСЛОВИТЕ ЗА ПАЦИЕНТИТЕ
14:03, четврток, 15 ноември 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на Национален координатор за распределба на странска помош во Република Македонија, заедно со Министерот за здравство, Венко Филипче, а во присуство и на амбасадорката на Јапонија во Република Македонија, Кеико Ханеда присуствуваа на примопредавањето на опремата и реновирањата обезбедени со грант, неповратни средства од страна на Владата на Јапонија.

„Ми претставува особено задоволство, што денеска ја имам таа чест, да бидам домаќин на Нејзината Екселенција, Амбасадорката на Јапонија во Република Македонија Кеико Ханеда, овде во Универзитетска клиника за дигестивна хирургија, каде сè уште активно работам. Задоволството е секако уште поголемо, ако се има предвид дека токму со несебичната помош од Владата на Јапонија, но и со несебичното залагање на нејзината екселенција Ханеда, денес ги имаме овие услови за работа што ги гледате овде, а кои се секако најважни за нашите пациенти.“ - истакна Османи, посочувајќи и на опремата и реновирањата кои од истиот грант ги добија и Институтот за респираторни болести кај деца – Козле, како и Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство.

Во продолжение Османи посочи на дека од осамостојувањето, Јапонија има обезбедено голема поддршка преку официјалната развојна помош во повеќе значајни сектори, клучни за постигнување на нашите реформски процеси и стратешки цели како здравство, образование, развој на локалните заедници во износ од над 420 милиони евра, за што истакна посебна благодарност до Владата на Јапонија, но и лично до амбасадорката Ханеда, за нејзиниот личен придонес во успешната реализација на оваа помош.

Денес на универзитетските клиники беше официјално пуштена во работа три проекти кои се дел од вкупно деветте за кои во март оваа година беа потпишани договори во рамки на Грант програмата за мали проекти за основни човекови потреби за чие спроведување Јапонската Влада обезбеди средства во износ од 428.066 евра

Сподели ја содржината!
Вести
Програмска мисија за ИПА Акциските програми за 2019 и 2020 година
Османи: Северна Македонија ги почнува преговорите оваа година
ОСМАНИ: ОЧЕКУВАМЕ ИЗВЕШТАЈ ОД ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЗА КОНФИРМАЦИЈА НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕГОВОРИ
ОСМАНИ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 18, ОСНОВА ЗА УШТЕ ЕДЕН ПОЗИТИВЕН ИЗВЕШТАЈ ОД ЕК
Трет состанок на Управниот комитет на проектот „Поддршка за управување со фондовите на ЕУ“
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.