Заменик претседателот на Владата
задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба
со Претседателката на Европското движење во Република Македонија и
координаторка на Националната конвенција за Европска Унија на Република
Македонија (НКЕУ-МК), Милева
Ѓуровска.Целта на средбата е соработката на Секретаријатот за европски прашања
со НКЕУ-МК, а особено во контекст на актуелниот скрининг процес, како и подготовка на сите капацитети на
државата за претстојниот процес на преговори.
„Имајќи ги
предвид напредокот во европските интеграции, особено почетокот на објаснувачкиот
скрининг потребно е да се обезбеди целосно вклучување на сите релевантни
чинители во овој процес, вклучително и граѓанскиот сектор, при што инцијативата која ја
започна Националната конвенција за одржување на дебати за теми поврзани со
процесот на европска интеграција е од особена важност“ истакна Османи,
посочувајќи на пристапот на кој функционираат овие групи како спој на
претставници од институциите, академската фела и граѓанскиот сектор, за што
потенцираше, дека овозможува спојување на различни гледишта и мислења како
најдобар начин за донесување најквалитетни заклучоци.
„Со оглед на тоа што е започнат
процесот на мапирање на државни институции, граѓански организации со кој имаме цел
да ги идентификуваме националните експерти, очекувам и вие како НКЕУ да
придонесете согласно експертизата која ја поседувате, со што би се
конкретизирала и зајакнала нашата заедничка соработка во скрининг процесот”- заклучи Османи.
Соговорниците изразија задоволство
од досегашната активна соработка на претставниците на Секретаријатот за
европски прашања и НКЕУ-МК, и изразија подготвеност за продлабочување и
проширување на истата.