ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: АКАДЕМСКАТА ЗАЕДНИЦА Е КЛУЧЕН ФАКТОР ВО ПОДГОТОВКАТА ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ
10:24, вторник, 06 ноември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари работна средба со претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити.

Целта на средбата е продолжување и зајакнување на соработката во рамките на Меморандумот за соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и МАНУ, и тоа во насока на реактивирање на Советот за европска интеграција во рамките на Академијата.

„Имајќи ги предвид напредокот во европските интеграции, особено почетокот на објаснувачкиот скрининг, потребно е да ги активираме механизмите за идентификување, мапирање и вклучување на разни експертски и стручни капацитети кои припаѓаат на академската фела, но исто така, од аспект на подготовката за почеток на преговорите,  мапирање на сите научни и истражувачки капацитети и поединечни експерти кои се на располагање по Поглавјата и подрачјата од правото на ЕУ“, истакна Османи.

Османи го информираше Претседателот на МАНУ и за напредокот во исполнувањето на реформскиот процес, посочувајќи на инклузивноста наметната уште при имплементацијата на Планот 3-6-9, за што посочи и на потребата и од зајакнување и продлабочување на соработката во специфични области дефинирани и во Планот 18 – правосудство, јавна администрација и безбедносните системи.

Соговорниците изразија согласност дека соработката меѓу СЕП и МАНУ мора да продолжи, и согласно предизвиците од европските интеграции, и да се интензивира.

Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: МОРАМЕ ПОСТОЈАНО ДА РАБОТИМЕ И ДА ГИ НЕГУВАМЕ СТАБИЛНИТЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
„БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА“
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.