ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ПОДДРШКАТА ОД СЛОВЕНИЈА Е НЕПОВРАТНО ВГРАДЕНА ВО ИЗГРАДБАТА И УСПЕХОТ НА СЕП
15:06, понеделник, 05 ноември 2018

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска беше во посета на новите простории на Амбасадата на Република Словенија во земјава, при што оствари средба со Амбасадорот Милан Јазбец.

Османи упати честитки до Амбасадорот Јазбец за отворањето на новите поголеми простории на Амбасада, за кои, како што истакна, го отсликуваат и напредокот на пријателството помеѓу двете земји.

За време на средбата двајцата соговорници се осврнаа на најновите политички актуелности, односите со Грција, процесот на имплементација на Договорот од Преспа, за текот на имплементација на реформите од Планот 18, како и за сите останати активности поврзани со процесот за евроатлантска интеграција на нашата земја.

„Македонија се наоѓа во период  на објаснувачки скрининг, со што преговарачката структура се подготвува за старт на преговорите во јуни следната година“, истакна Османи, посочувајќи на искуството на Словенија како модел за унапредување на процесот на координација на преговорите, но и разработката на акциските планови, механизмите и индикаторите за следење, како и сите останати стекнати знаења и искуства за процесот на преговори.

„Првиот твининг процес во Секретаријатот за европски прашања го направи Словенија уште во 2004 година, со што земјата неповратно се вгради во изградбата и успехот на оваа институција, за што дозволете да изразам особена благодарност“ истакна Османи, потенцирајќи дека Македонија од Словенија има доста да научи, особено од аспект на успешноста на модел во остварувањето на стратешките цели - членството во НАТО и во ЕУ.

Во текот на средбата двајцата соговорници заеднички се согласија дека повеќедецениските односи на разбирање и пријателство помеѓу двете држави и блиските релации меѓу нашите граѓани, претставуваат голем капитал и инвестиција во иднината. Во овој контекст Османи изрази огромна благодарност за досегашната јасна и силна поддршка која Република Словенија ја дава во однос на процесите на евроатланското интегрирање на нашата земја.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: Полската помош соодветствува со фазата на олеснување на рестриктивните мерки
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.