ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Вести
ОСМАНИ: ЌЕ ГО ИСКОРИСТИМЕ ПОЛСКОТО ИСКУСТВО ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕФИКАСНОСТА ВО ПРЕГОВОРИТЕ
12:31, петок, 02 ноември 2018
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со новоименуваниот Амбасадор на Република Полска во земјава, Војчех Јежи Тичињски.

Вицепремиерот Османи најпрвин упати честитки до Амбасадорот Тичињски за именувањето на оваа функција, при што потенцирање дека за нашата земја од особено значење е поддршката и помошта од Република Полска за реализација на нашите зацртани стратешки цели, членство во НАТО и во Европската Унија и притоа изрази надеж дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи во текот на неговиот мандат.

„Обврските кои произлегуваат од јунските самити претставуваат обврски за нас за кои постои целосна посветеност не само на Владата, туку и на севкупниот значаен општествен и политички фактор“ истакна Османи, посочувајќи и на Полското искуство во преговорите како значаен инпут за подготовка на преговарачката структура за унапредување на ефикасноста во преговорите.

„Поддршката од страна на Полска, како билатерална, така и на самиот евроинтегративен процес, ја сметаме за особено важна, не само како политички став внатре во Европската Унија, туку и како суштински придонес во создавањето на поддршката на процесот на проширувањето и меѓу земјите од Вишеградската група“ - истакна Османи. Тој во продолжение го информираше амбасадорот Тичињски и за најновите политички актуелности, односите со Грција, процесот на имплементација на Договорот од Преспа, но и за текот на имеплементација на реформите од Планот 18.

Во текот на разговорот двајцата соговорници изразија взаемно уверување за натамошно зацврстување на пријателските врски меѓу двете земји, преку унапредување на соработката во сите сфери од взаемен интерес.
Сподели ја содржината!
Вести
ОСМАНИ: МОРАМЕ ПОСТОЈАНО ДА РАБОТИМЕ И ДА ГИ НЕГУВАМЕ СТАБИЛНИТЕ МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ
„БИДИ ДЕЛ ОД ЧИСТА ИДНИНА“
Средба на Државните секретари на Северна Македонија и Грција, Габер - Панајотис
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ОТВОРА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСИТЕ
Обраќање во германскиот Бундестаг на ЗПВРСМ Османи и МНР Димитров
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Вести
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
2019 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.