ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ГИ УТВРДУВАМЕ ИНВЕСТИЦИСКИТЕ ПРИОРИТЕТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕТСТОЈНАТА ЗАСИЛЕНА ИНВЕСТИЦИСКА АКТИВНОСТ
13:29, среда, 17 октомври 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за Европски прашања, Бујар Османи, во улога на НИПАК координатор на странската помош во земјата, денес претседаваше со подготвителниот состанок на Националниот Инвестициски Комитет, на кој беа разгледани приоритетните листи на инвестициски проекти за финансирање од страна на големите донатори. На состанокот беа презентаирани секторски листи на проекти за транспорт, енергетика како приоритетни во рамки на Агендата за поврзување или т.н. Конективити агенда, но исто така и листите за  животна средина социјала и новиот сектор за дигитално поврзување.

„Имаме исклучителен успех при обезбедувањето средства во рамки на Конективити агендата, за што голем број проекти се веќе во активна фаза, но мора да се фокусираме и на останатите, и до 30 ноември, да ја подготвиме приоритетната листа која ќе ја претставиме пред донаторите и меѓународните финансиски институции“ – истакна Османи на почетокот од средбата, отворајќи ја дискусијата за надлежните ресори кои ги претставуваа приоритетните проекти во рамките на нивните надлежности. Османи посочи на секторите енергетика, транспорт и животна средина како клучни области во рамките на Конективити агендата, кои заедно со областа на социјалата засега бројат околу 100 проекти кои се наоѓаат на приоритетната листа.

Во рамките на листата се наоѓаат проекти како реконструкцијата на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, проектот за подготовка на автопатското решение во делот Кичево – Гостивар, автопатот Скопје – Блаци, и многу други проекти.

Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework-WBIF) официјално беше отворен во 2009 година, како заедничка иницијатива на Европската комисија, Советот на Европската развојна банка, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Европската инвестициона банка (ЕИБ)  и подоцна приклучените Светска Банка и Германската развојна банка (KfW), одобрена од страна на Европскиот совет. Република Македонија преку овој инструмент досега има обезбедено грантови од вкупен износ од над 112 милиони евра за развојни проекти, а во иднина се очекува зголемување на приливот на донации преку истиот.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.