ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ПРОДОЛЖУВА НЕЗАВИСНО ОД ПОЛИТИЧКИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ
10:08, вторник, 16 октомври 2018

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, oствари средба со делегацијата на Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, претставено од Арјен Таселар, шеф на Одделението за меѓународни односи и проекти и Ханс Јонкхер координатор за меѓународни односи на Западен Балкан и пристап кон ЕУ. На средбата се разговараше за можностите за поддршка на реформскиот процес во Република Македонија, особено во обезбедување експертиза за клучните области како што се правосудство, фундаментални права, владеење на правото, безбедноста итн.

„Еден од нашите највисоки предизвици претставува одржувањето на реформскиот моментум,  согласно насоките од јунските самити на ЕУ, особено во делот на реформа на правосудството и обезбедување на принципот на владеење на правото“ – истакна Османи, посочувајќи на успешно започнатиот процес на набљудувачки скрининг токму со поглавјето 23 – правосудство и фундаментални права.

„Холандија претставува еден од најцврстите поддржувачи на Република Македонија и нашите интегративни процеси, но и земја со која традиционално имаме исклучително успешна соработка. Оваа поддршка секако ја очекувам и сега кога земјата се соочува со предизвикот да го затвори прашањето за евроатланската перспектива и да ги започне преговорите за членство во ЕУ“ – изјави Османи, изразувајќи благодарност за понудената соработка и експертиза од страна на Холандија, во процесот на адресирање на неопходните реформи.

На средбата Османи реферираше и за актуелните политички состојби, изразувајќи уверување до соговорниците дека актуелните политички предизвици нема да ја загрозат реформската агенда на Владата, а предвидените реформи ќе бидат навремено имплементирани.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НАВРЕМЕНА И ДОБРО ТАРГЕТИРАНА ПОМОШ ОД КАТАР
Османи во посета на Кризниот штаб во Струга и средба со претставници поголемите верски заедници од регионот
Вицепремиерот Бујар Османи одржа прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со КОВИД 19
Видео-конференциска средба Османи - Даниелсон
Видео-конференциска средба Османи-Едштадлер
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.