Вицепремиерот
за европски прашања и главен политички преговарач Бујар Османи, и посебниот советник за евро-атлантски
интеграции во Канцеларијата на претседателот на Владата, и заменик на главниот
политички преговарач, Бојан Маричиќ, денес во Секретаријатот за европски
прашања остварија заедничка средба со Амбасадорот
на Кралството Холандија Вилем Ваутер Пломп и неговиот тим.
На состанокот се отворија теми поврзани со активностите на
Владата во насока на подготовка за почеток на пристапните преговори, при што вицепремиерот
Османи ја потенцираше и интензивната работа на
подготовката на тимот и структурата за преговори.
Вицепремиерот
Османи истакна дека Република Македонија интензивно ќе продолжи и со
реформските процеси, особено во делот на судството,
безбедносните служби и јавната администрација,
како и во делот за борбата против организираниот криминал и корупција, но нема
да ги изостави и рефромитево сите останати клучни области.
Соговорниците посебно
се осврнаа на претстојниот референдум,
при што вицепремиерот ја потенцираше улогата и одговорноста на политичарите, но
и на секој поединец за донесување правилна
одлука во интерес на иднината на Македонија: „Евро-атлантските перспективи на
Владата се недвосмислени и цврсти. Ние сите целосно сме посветени на имплементацијата
на превземените обврски а уверен сум дека и граѓаните на Република Македонија
ќе донесат правилни одлики за иднината на земјата„ - истакна Османи на состанокот.
На крајот на
состанокот вицепремиерот Османи, изрази очекување дека добрите односите меѓу
двете земји како и искрената поддршка од страна на Кралството Холандија за
нашите евро-атлантски перспективи ќе продолжи со ист интензитет како и сите
години наназад, особено во овој клучен период за иднината на земјата.