ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: ЕВРОПСКАТА БАНКА ЗА ОБНОВА И РАЗВОЈ ЗНАЧАЕН ПАРТНЕР ВО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА РЕФОРМИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
16:45, среда, 25 јули 2018

Денеска, во просториите на Секретаријатот за европски прашања Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со претставници на Европската банка за обнова и развој.


На средбата беше презентирана новата Стратегија за соработка помеѓу Македонија и ЕБОР за 2018-2023, статусот на имплементација на проектите финансирани од страна на ЕБОР, како и активностите кои се преземат во иднина во рамките на заедничката соработка.


Претставниците на ЕБОР истакнаа дека во нацрт верзијата на новата Стратегија за соработка со Македонија за периодот 2018-2023, се идентификувани приоритетните области кои ќе бидат во фокусот на соработката со нашата земја во наредниот период. Во овој контекст Вицепремиерот Османи потенцираше дека стратешките приоритети на соработката на ЕБОР со Македонија за периодот 2018-2023 се во согласност со програмата на Владата и агендата на ЕУ во кои е планирана поддршка на конкурентноста и регионална интеграција.


Османи додаде дека соработката помеѓу Македонија и ЕБОР дополнително е интензивирана преку инструментот Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ), како дел од Агендата за поврзување. Овој инструмент внесе видлива дополнителна динамика на процесот на Европска интеграција во регионот на Западен Балкан Преку кој земјите можат да аплицираат за добивање на грант средства за техничка помош и инвестиции за имплементација на проекти финансирани со заеми од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори во секторите: енергетика, транспорт, животна средина како и социјалниот и дигиталниот сектор.


Вицепремиерот Османи изрази благодарност за поддршката од ЕБОР, со чија помош преку ВБИФ досега Р. Македонија има добиено околу 102 милиони евра инвестициски грант средства за инфраструктура, од кои 82 милиони евра (12 милиони евра за проектот „400 kV интерконекција Македонија (Битола) – Албанија (Елбасан) и 70 милиони евра за „Проект Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII – трета делница (Крива Паланка – Деве Баир, граница кон Р. Бугарија)“.


Двете страни истакнаа дека и во иднина ќе продолжи добрата соработка потенцирајќи ги идните проекти предвидени за реализација со поддршка на ЕБОР а за кои се очекува одобрување на инвестициски грант од ВБИФ како што е Проектот за изградба на автопатска делница Кичево – Гостивар и Проектот за надградба и развој на патиштата - Крива Паланка-граница со Бугарија.

Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.