ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
ОСМАНИ: УСПЕШЕН РЕФЕРЕНДУМ ЗНАЧИ ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОАТЛАНТСКА ИНТЕГРАЦИЈА
11:15, вторник, 24 јули 2018

Заменик Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања oствари средба со германскиот државен Министер за Европа, Михаел Рот.

Вицепремиерот Османи најнапред изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија на процесот на пристапување во Унијата на земјите од Западен Балкан, рефлектирана и преку иницијативата „Берлински процес“.

Во продолжение на средбата Османи се осврна на важноста на периодот во кој се наоѓа нашата земја на евроинтегративниот пат, во контекст на неодамнешната одлуката на Европскиот Совет за временска рамката од 12 месеци, или јуни 2019 година, за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Притоа, фокусот е ставен на подготовката за преговори преку скрининг процесот како и  продлабочување на реформите и испорачување на конкретни резултати  во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација но притоа не запоставувајќи ја ни борбата против организираниот криминал и корупција и сите останати клучни области.


“Свесни сме за комплексноста на процесот, кој вклучува огромен корпус на законодавство на Унијата кое треба да се транспонира во националното законодавство но тоа се придобивки кои водат кон суштинската трансформација на земјата во европско демократско општество со функционална пазарна економија, ефикасни институции и професионална администрација”-додаде Османи.  Сепак, Секретаријатот за европски прашања и администрацијата имаат долгогодишно искуство, пред се во имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, и воспоставена инфраструктура  која е подготвена да одговори на сите предизвици.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.