ПОЧЕТНА | КОНТАКТ | МК | SQ | EN |
Новости
Државната Секретарка Габер во работна посета на Брисел
18:57, петок, 20 јули 2018

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања, г-а Калинка Габер престојува во работна посета на Брисел, во рамките на која оствари средби со директорката за Западен Балкан  во Службата за надворешни работи на ЕУ, Анџелина Ајнхорст, директорката за Западен Балкан во рамките на Генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија, ДГ НЕАР, Геновева Руиз Калавера, шефот на кабинет на комсеарот за проширување Мајкл Карничниг, раководителот на одделение во ДГ НЕАР, Дејвид Кулен, како и со други претставници на телата на Европската Унија.


За време на средбите фокусот беше ставен на активностите кои треба да се преземат во претстојниот период во насока на подготовка за скринингот, новите моменти поврзани со претстојниот референдум во однос Договорот со Грција како и за останати теми поврзани со европските интеграции на Република Македонија.


Работната посета на Брисел на ДС Габер се случува во многу важен момент за Република Македонија, односно непосредно по официјалната посета на Комесарот Хан на Македонија, и во момент кога треба да се операционализира начелниот план за скрининг процесот како подготовка за почеток на пристапните преговори со ЕУ.


За време на средбите  ДС Габер потенцираше дека паралелно со подготовката за скрининг, фокусот на Владата е и на задржување и продлабочување на позитивниот реформски импулс и испорака на конкретни и видливи резултати во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација, борбата против организираниот криминал и корупција, како и во сите останати клучни области.


Во контекст на скрининг процесот, ДС Габер за време на разговорите додаде дека и покрај комплексноста и обемноста на процесот, Секретаријатот за европски прашања и администрацијата со своето долгогодишно искуство, акумулирано и преку имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, и воспоставена инфраструктура се спремни да одговорат на сите предизвици.


Во тој контекст веќе се работи и на ревизијата  на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ која претставува сеопфатен план на земјата за процесот на интеграција во ЕУ од аспект на процесот на транспозиција на правото на ЕУ, институционалната рамка и човечките и финансиските ресурси. Дополнително , согласно принципите на инклузивност и транспарентност, Владата ќе направи максимални напори за вклучување на сите засегнати страни во процесот на скрининг.
Сподели ја содржината!
Новости
ОСМАНИ: НИ ТРЕБА СТАБИЛНА И ФУНКЦИОНАЛНА ВЛАДА СО ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА
Донација од бизнис секторот во правец на борбата против пандемија пристигна во земјава
ОСМАНИ: И НАТАМУ ОЧЕКУВАМЕ СИЛНА ПОДДРШКА ОД СЛОВЕНИЈА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ
Османи на одбележувањето на 21 годишнината од ослободувањето на Република Косово
Донацијата од Република Естонија за поддршка при справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, пристигна во земјава.
   
Процес на преведување
Поважни документи
Бази на податоци
Општо
Обука
Центар за Обука на СЕП
Стипендии
Соработки
Комуникација со јавноста
Испитување на јавното мислење ИРИ
Кампањи
Испитување на јавното мислење
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Конкурси за вработување
Конкурси
Документи
Бази на податоци
Слободен пристап до информации
Регистар на документи
Регистрација на проекти
Е-набавки
Новости
Публикации
За нас
Организација
Систем за управување со процесот на пристапување кон ЕУ
Проектни единици
Заменик Претседател на Влада за Европски Прашања
Државен Секретар
Државни Советници
Сектори
Кон преговори
Хронологија
Процес на пристапување кон ЕУ
Преговори
НПАА
Спогодба за стабилизација и асоцијација
Скрининг
Кампањи
Youth for EU
ЕУ / ИПА Успешни Проекти
EU talks
EU in Macedonia
EU stars
Together for EU
Проекти
Претпристапна поддршка
ИПА 2007 - 2013
Друга странска помош
Програми на Унијата
ОРИО Програма
Твининг
ИПА 2014 - 2020
ИПА проекти
Повеќе-корисничка ИПА програма
2020 © Секретаријат за европски прашања
Сите права се задржани.